Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Муртезани: Прво доверба со Софија, потоа уставни измени

Да се врати довербата меѓу Македонија и Бугарија и да се најде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да се врати довербата меѓу Македонија и Бугарија и да се најде долгорочно, взаемно прифатливо решение – тоа е услов пред воопшто да се отвори темата за уставни измени. Иако тие се преземена обврска без која нема напредок кон ЕУ, власта порачува – моментално нема атмосфера за таков чекор. Според министерот за европски прашања Муртезани најпрво мора да се решат отворените прашања и да се смири ситуацијата, бидејќи без искрен дијалог и фер однос не може да се движиме напред.

За евентуален трет протокол со Бугарија, кој би не заштитил од дополнителни блокади и билатерализација, тема која првично беше отворена од претседателката Силјановска Давкова, Муртезани, по средбата со неговата шведска колешка, рече дека прво треба да се интензивираат разговорите на релација Скопје-Софија.

Тоа што се работи константно по локалните избори заедно со нашите европски партнери е воспоставување на дијалогот и враќање на довербата, бидејќи без дијалог и доверба не може да стане збор за надминување на проблемот. Во моментов се прават напори за воспоставување дијалог и градење доверба, а потоа ќе стане збор и за можните начини за надминување на проблемот. Секако дека на уставните измени мора да се работи. Тоа е преземена обврска без која нема преговори и нема членство во ЕУ, меѓутоа како што нагласив во моментов не може ние да зборуваме за процесот на уставни измени кога сите тие наши грижи и дилеми не се соодветно адресирани, а за да бидат адресирани треба да се воспостави редовен дијалог, да се врати довербата меѓу двете соседни земји за да можеме на европски начин да градиме задничка европска иднина иднина, рече Муртезани.

Реклама

Силна поддршка стигна од Шведска, но и пораки дека реформите за напредок кон ЕУ мора да се испорачаат.

На средбата се разговараше и за имплементацијата на Планот за раст на ЕУ. Македонија досега успешно реализираше дел од обврските предвидени во првата фаза – во областа на владеењето на правото и дигитализацијата. Двајцата министри се согласија дека овој механизам е можност за економска интеграција на единствениот пазар на ЕУ и дополнителен поттик за економски развој на регионот.