Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Стојаноски: Ќе го прифатиме барањето за седница на Постојаната анкетна комисија, но сите треба да бидат консултирани за терминот

Ние ќе го прифатиме ова барање за седница, но сметаме дека сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ние ќе го прифатиме ова барање за седница, но сметаме дека сите оние кои што претседателот на Комисијата Димитар Апасиев ги повикува да бидат присутни, треба да бидат исконсултирани за термин, бидејќи не сметаме дека оваа комисија треба да биде одржана на ист ден кога е и собраниската седница за расправа на буџетот, истакна пратеникот Бојан Стојаноски на новинарско прашање за ставот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, за заседанието на Постојаната анкетна комисија.

-Суштината на таа комисија да биде свикана е пратено писмено барање, во случајов до Димитар Апасиев како претседател на таа комисија. Важно е да нагласиме дека тоа барање до него е стигнато на 15.07. Зошто чекал 5 месеци да ја закажа оваа комисија, тоа е прашање која што треба да му се постави на него. Ние кажавме дека од ова нема да правиме политика, но очигледна е намерата некрофилски политички да поентира. Негов е ставот што избрал да биде талог на општеството. Ние ќе го прифатиме ова барање, но сметаме дека сите оние кои што тој ги повикува да бидат присутни, треба да бидат исконсултирани за термин, бидејќи не сметаме дека оваа комисија треба да биде одржана на ист ден кога е и собраниската седница за расправа на буџетот. Многу е важно буџетот да биде донесен, бидејќи во наредната година тој е документот кој што обезбедува функционалност на државата, исплата на плати, исплата на пензии и сите оние работи кои што општеството треба да ги прибави од буџетот, рече тој.

Стојаноси истакна дека треба да се избере друг датум за одржување на седницата, кој што им одговара на сите тие кои што треба да бидат присутни и ние тоа ќе го поддржиме.

Реклама

-Така што одговорот е, ајде да седнеме, да се договориме за датум кој што ќе биде прифатлив за сите засегнати страни и да, ем ќе го поддржиме одржувањето на таквата седница и ќе учествуваме на истата, изјави пратеникот Стојаноски.