Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Филков: Министерството за правда ги бара сите бегалци, истото важи и за политиките азиланти

Министерството за правда нема ништо заедничко со она министерство од времето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за правда нема ништо заедничко со она министерство од времето на СДСМ, кога со Артан Груби и Али Ахмети беше договарано кој и каде ќе избега. Тоа го истакна министерот за правда, Игор Филков, како одговор на прашањата што до него од говорницата ги упати пратеникот Миле Талевски од редовите на опозициската СДСМ.

Пратеникот Талевски од говорницата во Собранието го праша министерот за правда дали  Министерството за правда има поднесено ново барање за екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец Никола Груевски, и второ прашање доколку е поднесено такво барање, кога и до која институција во Унгарија. Талески зборуваше за постоење индиции дека се креира сценарио за создавање услови Груевски да се врати во земјата.

Министерот Филков пред пратениците посочи дека несериозно е опозицијата да ја замајува јавноста, како што рече, да се занимава со циркус, а не со реална работа…

Реклама

– Ова Министерство си ги бара сите бегалци. Но, вие говоревте за политички азиланти. Кога станува збор за политичките азиланти, секојпат кога ќе бидат создадени услови Министерството за правда повторно и повторно ќе си ги бара своите граѓани. А во меѓувреме, да дадете одговор каде се оние другите за кои вие договаравте бекство, рече министерот за правда.

Пратеникот Талевски незадоволен од одговорот на министерот Филков и некоректното негово однесување пред Собранието и пратениците, побара во писмена форма од Министерството за правда да му биде одговорено зошто до овој момент не поднело барање до Унгарија за екстрадиција на Никола Груевски.