Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Средба на пратеничките Василевска и Мираковска со евроизвестителот Вајц

Пред почетокот на 24. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РСМ – ЕУ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред почетокот на 24. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РСМ – ЕУ, кој денеска и утре се одржува во седиштето на Европскиот парламент во Стразбур, копретседавачката Иванка Василевска и заменик-копретседавачката Соња Мираковска, остварија средба со известителот за Македонија во Европскиот парламент, Австриецот Томас Вајц, кој по функција учествува во работата на ова заедничко парламентарно тело.

Како што се наведува во соопштението од собраниската прес-служба, на средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во државата, напредокот на реформската агенда, Извештајот на Европската комисија, како и за очекувањата од престојниот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет.

Василевска изразила благодарност за сите вложени напори од страна на Европскиот парламент и посебно од известителот Вајц за придвижувањето на процесот на приближување кон Европската Унија и потенцираше дека сите релеванти политички фактори во земјата се целосно посветени на оваа цел.

Реклама

Известителот Томас Вајц, како што се наведува, ја искористил оваа пригода да ја изрази силната и недвосмислена поддршка од страна на Европскиот парламент за евроинтеграцијата на Македонија заснована на постигнати резултати и заедничка соработка.