Реклама
Македонија

Модернизација на улиците и развој на туризмот приоритет на Општина Вевчани

Целосна реконструкција и модернизација на улиците во Вевчани, како и развој на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Целосна реконструкција и модернизација на улиците во Вевчани, како и развој на туризмот се дел од приоритетите на градоначалникот Спасе Кочовски. Според него, во изминатиот период реконструирани се четирите главни улици во дожина од два километри.

– Ги реконструиравме четирите главни улици во должина од два километри. Целосно е променета канализациската и водоводната мрежа, а поставени се и подземни кабли за пренос на електричната енергија, просторот е уреден со канделабриско осветлување, појасни Кочовски.

Тој посочи дека Општината активно работи на развивање на туризмот, со цел Вевчани да стане поатрактивна туристичка дестинација. 

Реклама

– Интересно е Вевчани. Убаво е и во летниот и во зимскиот период. Но потребна ни е инфраструктура за зимски туризам. За жал засега сме на нула за тоа, но работиме и во таа насока, посочи Кочовски.

Вевчани, нагласи, големи придобивки во развојот на туризмот ќе има со прогласување на планината Јабланица во национален парк, процес кој е во тек.

– Прогласувањето на планината Јабланица како Национален парк е процес кој го води Министерството за животна средина и просторно планирање, но моја лична желба е заштитеното подрачје Вевчански извори да си остане под Општина Вевчани, а останатиот дел од Јабланица да стане Национален парк, рече градоначалникот на Вевчани.

Во наредниот период, тој посочи дека Општината ќе работи во реновирање на кино-салата, изградба на мултифункционално игралиште.