Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Средба на претседателот на Собранието Гаши со новоименуваниот амбасадор на Швајцарија, Зомер

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши денеска оствари средбал со новоименуваниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши денеска оствари средбал со новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер.

Гаши му упатил искрени честитки за стапувањето на должноста, посакувајќи му успешен и плодотворен мандат, како и продолжување на пријателската и конструктивна соработка меѓу двете држави.

Како што информираат од собраниската прес-служба, во разговорот било нагласено дека Северна и Швајцарија одржуваат одлични билатерални односи, засновани на доверба, почит и континуирана партнерска соработка. Посебно била истакната поддршката што Швајцарија ја обезбедува во процесот на европската интеграција на нашата држава, како и значењето за натамошниот развој на парламентарната соработка меѓу двете законодавни тела.

Реклама

Претседателот Гаши изразил благодарност за поддршката во рамки на Програмата за поддршка на Собранието, со посебен акцент на развојот и зајакнувањето на институционалните капаците на Собранието, меѓу другото и на Парламентарниот институт, проект кој претставува трајно наследство и пример за успешно партнерство.

Амбасадорот Зомер се заблагодарил за топлото гостопримство и ја пофали досегашната соработка меѓу двете земји, особено на парламентарно ниво. Тој истакнал дека започнува мандат во период одбележан со значајни постигнувања во билатералните односи и изрази очекување дека со заеднички напори ќе продолжи унапредувањето на соработката во сите области, вклучително и дополнително поттикнување на економската соработка.

Двете страни, како што се наведува во соопштението, изразиле подготвеност за продолжување на заедничките проекти, продлабочување на институционалната соработка и јакнење на партнерството меѓу двете држави.