Тендерот за избор на изведувач за обнова на Универзална сала не помина поради жалба поврзана со единствениот понудувач.
Поради тоа, постапката ќе биде повторена идната недела, а целокупниот процес се очекува да се одолговлече за дополнителни два месеца, односно до средината на јануари.
Сепак, надлежните уверуваат дека со повторното распишување на тендерот се очекува процесот да продолжи и новата Универзална сала да биде изградена пред 2028 година, кога Скопје ќе биде Европска престолнина на културата.
