Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Алиу: Го стабилизираме примарното здравство – успешно функционира потпишаниот меморандум со приватните здравствени установи

„Првата фаза е да го стабилизираме примарното здравство.  Моментално на терциерно ниво…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Првата фаза е да го стабилизираме примарното здравство.  Моментално на терциерно ниво имаме 70 отсто пациенти кои гравитираат кон Скопје, поконкретно во кампусот „Мајка Тереза“ заради примарно и секундарно здравство” – истакна министерот Алиу, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Тој појасни дека се работи на регионализација, посебно во делот на онколошките услови, на амбулантско ниво. Градската болница е при крај, административната процедура е завршена за да може онколошките здравствени сервиси да ги нудат таму на амбулантско ниво.

-Во КБ Битола исто така функционира, се прават подготовки и во КБ Тетово – прво сме многу внимателни, мора да се дефинира и моментот на финансии за секоја здравствена институција и секоја здарвствена услуга. Во болницата во Битола имаме веќе тројца медицински сестри и еден физичар кои ќе работат шест месеци на Клиниката за онкологија за да може да се вратат во своите установи и таму да оплужуваат терапија, кажа тој.

Реклама

Во однос на потпишаниот меморандум за соработка со приватните здрасвтвени установи, кој првпат се случува, министерот Алиу појасни дека денеска веќе зборуваме за процес кој функционира. Здравствените работници вработени во приватниот сектор веќе работат со своите колеги од јавниот сектор и нудат здравствени услуги и ова функционира беспрекорно.

– Според системот на ДРГ, нашите граѓани и сега услуги кои се дефинирани и ставени во листа на ФЗО и денеска граѓанинот може да бира каде да се лекува дали во приватна или јавна, но тоа не е доволно и затоа одиме чекор напред. Секој наш граѓанин во зависност од која здравствена услуга има потреба, ако не може да добие во примарното здравство таква услуга, а дефинирана е според здравствената патека дека треба таму да се добие и таму нема можност, тие средства нема да ги добиваат, туку ќе се насочуваат каде граѓанинот ги добил тие услуги, односно тие податоци ќе го следат пациентот, посочи Алиу.