Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Потпретседателот на Собранието Милошоски на 4. Парламентарен самит на Меѓународната Кримска платформа

Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, во придружба на заменикот на генералниот секретар,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, во придружба на заменикот на генералниот секретар, Бобан Стојаноски, учествуваше на Четвртиот парламентарен самит на Меѓународната Кримска платформа, кој се одржа на 23 и 24 ноември 2025 година во Стокхолм. Како што соопшти собраниската прес-служба, самитот се одржа на покана на претседателот на Риксдагот, Андреас Норлен, и претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук.

-Четвртиот парламентарен самит претставува продолжение на претходните состаноци на овој формат, кои се одржаа во Загреб во 2022 година, Прага во 2023 година и Рига во 2024 година. На Самитот учествуваа претставници на 41 државен парламент од целиот свет, како и парламентарни собранија на шест меѓународни организации. Во рамките на Самитот, потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, имаше свое обраќање, при што се осврна на неколку клучни нивоа на кои се фокусира поддршката кон Украина. Тој, меѓу другото, истакна дека е од исклучително значење Украина да се поддржи на вакви и слични меѓународни настани, каде се испраќа јасна порака дека Украина во оваа војна не е сама, победата на Украина е и наша победа, додека нејзиниот пораз би бил заеднички пораз на демократската заедница, се наведува во соопштението. 

Милошоски во обраќањето псоочил дека секој од парламентите и секој поединец „треба да најде начин да ја пренесе пораката до Соединетите Американски Држави за потребата од континуирана поддршка за Украина, сè до изнаоѓање на праведен и одржлив мир“.

Реклама

-За Европската Унија е многу важно да го направи следниот чекор и да ги отпочне пристапните преговори со Украина. Нашата земја, како и досега, ќе продолжи со својата поддршка кон Украина во рамките на своите можности – на воено, дипломатско и логистичко поле, истакнал Милошоски. 

На крајот на Самитот учесниците усвоиле Заедничка декларација, преку која ја изразиле својата решеност да продолжат со поддршката на Украина во напорите за враќање на мирот, суверенитетот и стабилноста на земјата.

Собраниската прес-служба информира и за повеќе билатерални средби на Милошоски со негови колеги од различни парламенти, на маргините на Четвртиот парламентарен самит на Меѓународната Кримска платформа во Стокхолм. 

-На средбата со Фабио Рампели, потпретседател на Парламентот на Италија, се разговараше за можноста за унапредување на македонско-италијанските односи, поддршката којашто Италија ја дава на сите држави од Западниот Балкан, како и за безбедносните предизвици во контекст на војната во Украина. Потпретседателот Милошоски оствари средба и со Даига Миерина, претседателка на Парламентот на Латвија. На средбата беше разговарано за состојбата во ЕУ, војната и предизвиците со кои се соочува Украина, како и за пријателските билатерални односи со Македонија и можностите за нивно натамошно унапредување, се наведува во соопштението. 

Во разговорот со Петер Хаубнер, втор претседател на Австрискиот парламент,  доминирале теми „поврзани со одличните билатерални односи, можностите за зајакнување на стопанските врски, како заедничкиот интерес за забрзување на евроинтеграциите на сите држави од Регионот“.