Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Конески: СДСМ со елементарно непознавање на младинските состојби во земјава, ВМРО-ДПМНЕ работи на конкретни политики и мерки

Длабоко сме трогнати и потресени од прес-конференцијата на партијата која владееше 7…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Длабоко сме трогнати и потресени од прес-конференцијата на партијата која владееше 7 години, а за само една година успеа да стане 5-та партија во Скопје. Со неизмерна тага, сведочиме на пропаста на партијата која изгуби стотици илјади гласачи, откако за личен интерес ги распродаде националните интереси и го урниса целиот систем. Жал ни е, што поделивме само 55.000 ваучери за електронски уреди, со што студентите ќе можат да користат напредни технологии, наместо да злоупотребуваат европски фондови за тренинг на магариња, соопшти денеска членот на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Тодор Конески на прес-конференција. 

Жал ни е, што реализираме реконструкција на сите студентски домови, наместо да ветуваме студентски град, кој 8 години тие не успеаја ни го започнат.

Жал ни е, што ќе изградиме зграда на Медицинскиот факултет во Штип, нешто што според вас е „назадување“ во однос на времето кога болниците се распаѓаа низ државата.

Реклама

Жал ни е што почнавме со процес на дигитализација на универзитетите и воведување на е-индекс, и жал ни е што наскоро почнува реконструкција на спортската сала на УКИМ, како и проектите со кои младите ќе можат да купат свој дом, да основаат свое семејство или да започнат свој бизнис.

На ова ваше елементарно непознавање на младинскиот стандард и реалностите во државата, не ви замеруваме, само ви укажуваме.

Разбираме дека вашата партија нема повеќе ниту гласачи, а уште помалку млади луѓе  кои се во контакт со вистинските проблеми, а можат и да понудат вистински решенија.

Додека вие инвестирате во неколку поединци во вашата младина, кои повторуваат истрошени флоскули на Филипче и на Заев и да се срамат на националните телевизии, ние инвестираме во иднината, инвестираме во конкретни политики, мерки и проекти што младите ги чувствуваат веднаш.

Ниту една смешна прес-конференција, нема да нè обесхрабри во нашата заложба да изградиме држава, во која секој еден млад човек може да просперира и да успее. Младите препознаваат работа, препознаваат  квалитет и конкретна поддршка, а не празни зборови.

Заврши времето на апстрактни и нереални ветувања. Почна времето на мерливи резултати, на вистинска одговорност и на политики што го менуваат животот на младите денес, а не во нечија фантазија.