Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Македонија

Зелена мрежа на советници: Борбата за чист воздух веќе не може да се води поединечно по општини и со изолирани мандати

Борбата за чист воздух не може да се води поединечно по општини…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Борбата за чист воздух не може да се води поединечно по општини и со изолирани мандати, туку преку поврзана мрежа која гради притисок и нуди конкретни решенија, заклучија учесниците на дискусијата „Зелена мрежа на советници: Партнерства за зелена иднина“, организирана од Зелената партија ДОМ во Скопје. Настанот ги поврза локалните зелени советници, независните кандидати и експертите за да се отвори системски дијалог за загадувањето и неговото влијание врз здравјето, стои во соопштението од ДОМ.

Во фокусот беше врската меѓу аерозагадувањето и здравјето. Проф. д-р Антони Новотни, советник во општина Центар и ко-претседател на ДОМ подвлече дека прашањето е старо и комплексно, како и дека е потребно да се идентификуваат клучните точки за притисок — енергетика, транспорт, урбанизам, индустрија и здравство.

„Ако државата не е пример и јавниот сектор продолжи да користи фосилни горива, регулативата останува мртво слово на хартија“, порача тој. Новотни се повика на податоци (УНИЦЕФ 2024) според кои значителен дел од смртноста кај новороденчињата и предвремените смртни случаи е поврзан со аерозагадување.

Реклама

Јане Димески советник во општина Центар од  „Шанса за Центар“ посочи дека еден од најголемите причинители на аерозагадувањето е тоа што јавните институции користат мазут за греење и во таа насока потребен е системски и практичен пристап на локално и национално ниво.

„Прашањето не е дали проблемот постои, туку дали сме подготвени да создадеме заедничка иницијатива која ќе даде конкретни решенија, а не само декларации, на пример колку што се издвојуваат средства за греење на мазут, Владата исто толку да издвои и за мерки против аерозагадувањето“, истакна Димески.

Во дискусијата активно се вклучија и ко-претседателите на зелената партија ДОМ, Александар Анѓушев и проф. д-р Ана Угринска. Анѓушев потенцираше дека „Законот за јаглеродни емисии претставува клучен механизам за контрола кој им овозможува на компаниите и институциите да бидат општествено одговорни преку управување со својот јаглероден отпечаток и усогласување со ESG принципите. Затоа апелирам за негово побрзо донесување“. Угринска  додаде дека загадувањето на воздухот не единствениот проблем, туку потребен е интегриран и целосен пристап со кој ќе се делува и ќе се работи и против загадувањето на водата и почвите. Во дискусијата активно се вклучуваа сите присутни со интерпретација на податоци од СЗО и Светската банка истакнувајќи ги притоа и економските последици, но и можните придобивки од ефективното управување со аерозагадувањето.

Свој придонес во дискусијата даде и Горан Стојковски – Диро, независен кандидат за градоначалник на Куманово, кој низ примерот на својот град ја потврди истата матрица на проблеми, кои се комбинација од стари системи за греење, индустриски емисии и неодржлив урбан развој.

„Куманово не е исклучок — потребна е политичка храброст да се донесат неопходни одлуки“, рече тој.

Со овој настан ДОМ ја потврди улогата како мост меѓу партиските и независните зелени гласови, нагласувајќи дека зелената политика ги надминува традиционалните партиски рамки.