Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Трајков: Иднината треба да ја градиме заедно со младите

Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков учествувала на меѓународен форум „IYDU Freedom…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков учествувала на меѓународен форум „IYDU Freedom Forum Skopje 2025″, каде се обратила на темата „Трансформирање на Западен Балкан: Од агенди за реформи до интеграција во ЕУ и колективен просперитет“, на панел посветен на улогата на младите во предизвиците на 21-виот век.

– Историјата не научила на нозе да ги дочекаме сите предизвици, бидејќи сфативме дека историјата треба да ја создаваме сами, би додала, со поддршка и од младите. Затоа, нивниот глас треба да се слуша. И да се разбере. Младите се нашата срж и нашата иднина. Затоа, треба да работиме заедно со нив и за нив. Владата која ја претставувам работи за младите. Бидејќи тие се двигатели на промените, двигатели на едно ново време, време кое заедно со нас, младите ќе го креираат, порачала заменик-министерката за европски прашања.

Трајков, информира нејзиниот кабинет, потенцирала дека Владата е посветена на реформските процеси како дел од Реформската агенда со цел да се подобрат состојбите во земјава.

Реклама

– Нашето заслужено место на европската маса не чека. Докажавме и се уште докажуваме дека работиме во интерес на граѓаните и во интерес на државата. Ние заслужуваме да сме дел од големото европско семејство. Тоа ни припаѓа, не само географски, туку и природно. Да се обединиме сите заедно околу оваа цел и да работиме оваа наша стратешка цел час поскоро да стане стварност. Тоа го должиме себеси, и на овие генерации кои тоа го очекуваат од нас, рекла заменик-министерката Трајков.

Настанот, кој ќе трае до 23 ноември, е во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и на Меѓународниот сојуз на млади демократи.