Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Девет студенти од штипскиот Универзитет почнуваат со практична настава во Општина Штип

Девет студенти од Правниот, Економскиот и Факултетот за образовни науки при Универзитетот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Девет студенти од Правниот, Економскиот и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во наредните три месеци ќе одат на пракса во Општина Штип. Студентите, професорите од УГД-Штип, претставници на Општина Штип и УНДП денеска во кабинетот на градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов ја имаа првата средба.

Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова вели дека целта е да се обучи млад кадар за работа во јавен сектор, но и да може да работи во реалниот сектор.

-Со проектот сакаме да ги отвориме вратите на општината, да го покажеме принципот на работа пред студентите и истите да се стекнат со предзнаења за моментот кога ќе почнат со нивното официјално вработување, вели Шорова- Ангелова.

Реклама

Проректорот за развој, инвестиции и одржување при УГД-Штип, Дарко Лазаров истакна дека ова е можност студентите да се стекнат со практично искуство, односно со вештини во различните сектори во општината, кои понатаму ќе им помогнат полесно да се вработат.

-На овој начин Универзитетот уште еднаш ја потврдува својата заложба и својата мисија, покрај модерно теоретско знаење да им овозможи на своите студенти проширување на своите теоретски хоризонти со практично искуство, практични вештини, изјави Лазаров.

Тој додаде дека на денешната средба е разговарано и за проширување на соработката во делот на практичната настава. Студентката Искра Апостолова трета година на Правниот факултет при УГД-Штип вели дека за студентите оваа практична настава во општината претставува предизвик за да се развијат професионално и лично и верува дека ќе ја завршат успешно оваа три месечена практична настава.

-Праксата верувам дека е клучна за секој студент, особено во овој период додека сме на нашите студии да ја поткрепиме теоријата којашто ја знаеме и претпоставувам дека секој од студентите сака да види одблиску како функционира локалната самоуправа и кој се нејзините предизвици, вели Апостолова.

Финансиската поддршка за практичната настава на студентите во Општина Штип, ја обезбедува УНДП. Драган Ристовски вработен во Програмата за развој во УНДП вели дека овој проект е дел од воспоставување на ресурсен центар во Општина Штип. Посочи дека ова е модел, којшто сакаат да го развијат и во иднина да го понудат на други општини, универзитети и факултети во земјата.

 -На еден начин да помогнеме во процесот на спречување на одлевање на умот и образованиот кадар од државата, односно што повеќе млади луѓе да се задржат во државата со стекнување на практични искуства и започнување веднаш во работниот процес, изјави  Ристовски.

Волонтерската работа на деветте студентите од трите факултети при УГД ќе трае три месеци, а паричниот надоместок за студентите ќе изнесува по 6.000 денари.