Реклама

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Македонија

Ќе дојдеме до вистината и до правдата – вети Груевска Илиевска на почетокот од судењето за пожарот во Кочани

„Името со месеци ми се врти во медиумите, но официјално да ви…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Името со месеци ми се врти во медиумите, но официјално да ви се преставам“ – вака судијката Диана Груевска Илиевска го започна судењето за трагичниот пожар во кочанското кабаре „Пулс“.

Во преполната судница во КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки Груевска Илиевска побара дисциплина од сите, а пред обвинетите, им се обрати на роднини на 63 жртви кои го загубија животот во несреќата што се случи на 16 март.

„Овој совет ви гарантираме колку можеме ќе бидеме транспарентни , а медиумите кој ги има во голем број ќе го пренесуваат тоа“ рече судијката.

Реклама

Им се обрати на семејствата и замоли семејствата да праќаат по еден претставник на секое рочиште а судот, им вети, ќе направи сѐ  за нормално да тече судењето без непотребни одлагања.0

  • „Ќе имаме респект кон тагата и болката на роднините на жртвите, но сите ќе имаат право да си ја кажат својата верзија на случајот и да предложат докази. Ќе бидеме транспарентни. Никој не може да знае колку време ќе трае предметот, дали пет месеци или пет години. Не можам да ветам брзина може да се направи грешка колку ќе трае судењето никој не знае, апелирам на трпение и дисциплина. Ќе дојдеме до правдата, вети таа пред полната судница“ нагласи Груевска Илиевска.

Сите обвинети за пожарот во „Пулс“ имаат ангажирано бранители, а некои од нив дури и по неколкумина. На првото рочиште присутни се семејствата и роднини на жртвите, присуствуваат бројни домашни и странски медиуми, како и претставници на дипломатски мисии, набљудувачи од ОБСЕ, САД и ЕУ.

https://alfa.mk/golem-interes-za-sudeneto-za-pozharot-vo-puls-35-domashni-i-stranski-mediumi-ke-go-sledat-proczesot/

На денешното рочиште присутни беа и 10 обвинители, а обвинителството најави дека обвинителниот акт ќе го бранат 15 обвинители.

Трагедијата се случи на 16 март годинава во која загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 лица беа повредени. Обвинителниот акт беше поднесен на 13 јуни, а Кривичниот суд го одобри на 3 октомври. Во случајот се опфатени 38 обвинети – 35 физички и три правни лица – кои се товарат за тешки дела против општата сигурност. Меѓу нив се сопственици на локали, управители, инспектори, поранешни градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.