Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Регионален министерски состанок во Рим: Македонија значително напредува во административните реформи

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска учествуваше на регионален министерски состанок…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска учествуваше на регионален министерски состанок со колегите од земјите од Западен Балкан предводен од италијанскиот министер за јавна администрација, Паоло Зангрило. 

Како што информираат од Министерсртвото средбата се одржала на маргините на конференцијата „Партнерство за реформи: Министерски дијалог Западен Балкан – Италија“ во Рим.

Фокус на состанокот беше во насока на напредокот во реформите во регионот, зголемување на административните капацитети, дигиталната трансформација и подобрувањето на професионалниот развој и управувањето со човечките ресурси.

Реклама

Во своето обраќање, министерот Минчев ја истакнал силната поддршка од Италија и значењето на партнерството со РеСПА.

-Оваа конференција и средба се силна потврда за посветеноста на Италија кон поддршката на реформите во јавната администрација во земјите од Западен Балкан и за нашата заедничка визија за модерна, ефикасна и европска администрација, истакна Минчев. 

Министерот ги презентирал клучните реформи што Македонија ги реализираше во 2025 година, со посебен акцент на пакетот системски закони за професионализација на администрацијата, воспоставувањето на мерит систем, зголемената мобилност и формирањето на новата Академија за јавни службеници.

Тој посочил дека следниот период ќе биде фокусиран на имплементација на новата законска рамка, целосно воведување на Информациониот систем за управување со човечки ресурси – ИСУЧР и зајакнување на капацитетите на Академијата за јавни службеници. Минчев ја нагласи и потребата од продлабочување на партнерствата со земјите членки на ЕУ, со особен акцент на Италија.

-Европскиот пат не е само стратегиска определба, тоа е обврска за резултати. Затоа поддршка од Италија и регионалната соработка ни овозможуваат да ги забрзаме реформите и да испорачаме администрација која работи брзо, професионално и во интерес на граѓаните, рекол тој.

На крајот од состанокот, министрите се согласиле дека 2026 мора да биде година на забрзана имплементација, регионална усогласеност и јасни мерливи резултати во јавната администрација – цел која, како што потенцираше Минчев, Македонија е подготвена да ја испорача.