Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Попов: ВМРО-ДПМНЕ е партнер на младите, 250 евра ваучер за електронски уред за 55.000 студенти

Заврши времето на предизборни ветувања и празен популизам. Почна времето на конкретни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заврши времето на предизборни ветувања и празен популизам. Почна времето на конкретни резултати – време кога институциите работат за младите и народот. Би сакал да ве информирам дека е објавен јавниот повик за финансиска поддршка на студентите за набавка на електронски уреди. Над 55.000 студенти ќе имаат можност да аплицираат, сите запишани на додипломски студии со ненавршени 29 години, а секој студент ќе добие 15.300 денари – директна поддршка за подобро образование, дигитални способности и поголема конкурентност на пазарот на трудот, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Сергеј Попов, пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа мерка не ја реализиравме пред избори, туку по нивното завршување – затоа што политиката на оваа Влада и на ВМРО-ДПМНЕ се темели на одговорност и чесен однос кон младите.

Повикот е отворен до 20 декември 2025 година, и затоа ги охрабрувам сите студенти да аплицираат што поскоро.

Реклама

Како да се аплицира?

Апликацијата се поднесува преку Националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk.

Студентите кои се во евиденција на МОН се најавуваат на порталот, ја избираат услугата „Јавен повик за доделување на вредносен ваучер за студенти за набавка на електронски уреди“ и ја испраќаат апликацијата без прикачување документи. Системот веднаш го генерира електронскиот ваучер.

Ако системот утврди дека студентот не е во евиденцијата на МОН, тој автоматски го пренасочува кон посебна услуга, каде треба да прикачи потврда за редовен или вонреден студент. По комплетирањето на апликацијата, системот го издава ваучерот.

Со добиениот ваучер, документ за идентификација и потпишана Изјава за искористување на ваучерот, студентите ќе може да го подигнат електронскиот уред кај овластените економски оператори до 31 декември 2025 година.

Почитувани млади,

Вашата генерација е двигателот на промените што ги правиме. Ве повикувам да бидете активни, иновативни и храбри – да ја користите секоја можност што ја нуди животот. Вашата идеја, вашата иницијатива и вашето учество се најсилната гаранција дека Македонија ќе оди напред.

Ова е само првиот чекор во поширокиот пакет на младински политики што следуваат. Нашата цел е јасна: да создадеме систем во кој младите ќе останат дома, ќе напредуваат дома и ќе успеваат дома.

Како Унија на млади сили, ќе продолжиме да се бориме за реални политики, за модерно образование и за услови кои ќе ви овозможат да бидете генерацијата што ќе ја изгради новата Македонија.