Реклама
Македонија

Помеѓу оценките и блокадите – дали EУ подготвува алтернативи за проширувањето?

ЕУ нема консензус за ново проширување – директно и јасно предупредување од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ЕУ нема консензус за ново проширување – директно и јасно предупредување од пратеникот Милошки пред европските дипломати во Собранието. Во европските кругови веќе на големо се зборувало и се разгледувале алтернативни модели на интеграција – привилегирани партнерства или некакви асоцијативни форми – како привремени решенија се додека Унијата не созрее за ново полноправно членство.Потсети дека Македонија во 2009 година го доби првиот Извештај од ЕК кога од тогашните претставници беше порачано дека земјава е подготвена за ЕУ – 16 години подоцна, 16 извештаи и се уште ништо.

На Берлинскиот процес, претсавник на ЕУ членка бил прилично јасен, дека во моментов во ЕУ не постои консензус за нови членки и дека почнува да се размислува за некое друго решение, за некоја интеграција до моментот кога ќе се создадат услови за полноправно членство. Затоа, она што ние го бараме од ЕУ и тука не ја спорам волјата на ЕК, поголема искреност бараме, која форма на членство или на асоцијативно придружување или привилегирано партнерство стои на располагање за ЗБ и другите кандидати за да можеме ние да знаеме во која насока се движиме и да не живееме во илузија како овие 16 години, рече Милошоски.

И покрај директното предупредување на Милошоски дека Македонија не е во ќор-сокак само поради недоволна работа дома или уставните измени, туку и поради реалната европска неподготвеност, евроамбасадорот Рокас со дипломатски тон. Без да навлезе во дебатата за консензусот, тој ја повтори пораката на која одамна сме навикнати – проширувањето е високо на европската агенда.

Реклама

Овој извештај е израз на нашата готовност и посветеност, со ЗБ можеме да сметаме дека EУ е целосна. Ние сме за целосна интеграција, да му одговорам на господинот Милошоски, веќе го имам претставено Извештајот на сите. Клучно е да се исполнат препораките во Извештајот. За судските институции, борба против корупција, промена на КЗ, рече Рокас.

И покрај декларативната поддршка, Македонија се врти во круг и се навраќа на иститие теми што не влечат назад – уставни измени, билатерални спорови, услови и уцени… 

Претседателот на Советот за интеграции, Филипче, предупреди дека мора да има поголема политичка волја за реформи, поубедлива борба против корупцијата, независно судство, 

Јасно кажува овој извештај, дека реформи нема, го губиме времето. Ова е еден од најлошите извештаи кои што државата го добила. Полош е само тој во 2015 година, кога сме оценети како заробена држава. Нема напредок во клучните области. Од тука се гледа дека оваа влада нема политичка волја да ги направи реформите, жалам што денеска слушам, дека денеска и овој период не бил време за реформи. Ако до минатата година имаше само еден услов, после еден таков извештај, не сум сигурен дека понатаму нема да имаме и други услови. Генералната независност и финансиска автономија на правосудството се поткопани. Нема напредок ниту во борбата против корупцијата. Владата нема напредок во клучни реформи поврзани со економските критериуми, потенцираше Филипче.

Помеѓу обврските дома, и динамиката во Европската унија, на патот на Македонија стојат и уставните измени – услов од источниот сосед за кој немаме никакви гаранции дека ќе биде последното барање.