Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Прилози

Николоски на Виенскиот економски форум: На земјите од Западен Балкан им е потребна силна економска соработка

Силна економија, повеќе инвестиции, поголема трговска размена и поголем број бизниси, ова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Силна економија, повеќе инвестиции, поголема трговска размена и поголем број бизниси, ова се клучните фактори за сплотеноста на државите од Западен Балкан оценува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.Од  отворањето на Виенскиот економски форум Николоски истакна дека и покрај силната поддршка за членството во ЕУ, неизвесноста околу проширувањето, особено во случајот со Македонија, создава огромно разочарување кај граѓаните. Според него, Западен Балкан е најранливиот дел од Европа и потребна е јасна визија од ЕУ за иднината на регионот.

“Она што е позитивно е што енергијата во регионот се’ уште е висока, јавното мислење е во полза на приклучување на Европската Унија и другите сили се’ уште не ѝ се конкуренција на ЕУ. Но прашање е дали тоа ќе биде засекогаш и затоа сметам дека треба да бидеме мудри и храбри, но и да зборуваме отворено и директно и да бидеме фер: ако нема проширување, тогаш да видиме што ќе се случува, ако е пакет, тогаш да дискутираме дали може да функционира или не. Подобро е на луѓето да им се каже вистината отколку постојано да ги лажеме или да им даваме лажни ветувања или да подгреваат очекувања кои потоа нема да се остварат. И затоа сметам дека економската соработка е суштината на приоритетот во регионот” – вели вицепремиерот Александар Николоски.

Вицепремиерот Николоски нагласи дека економијата мора да стане главен фокус во регионот и дека Австрија е еден од клучните партнери на Македонија.

Реклама

“Ќе ви кажам еден мал пример: пред еден месец имавме локални избори и некои општини немаат градоначалник бидејќи не можат да дојдат до цензус од 33% излезност. Зошто? Најголем дел од луѓето не се тука, преселени се во централна или западна Европа. Затоа мислам дека е важно да се фокусираме на економијата. Австрија игра огромна улога во регионот, многу австриски компании се присутни во регионот, работат добро, добредојдени се и мислам дека тоа е најдоброто што можеме да го направиме заедно – да носиме повеќе инвестиции, да имаме поголема размена, повеќе бизниси, што мислам дека потоа ќе придонесат кон други работи што ги споделуваме – демократија, просперитет, владеење на право и заедничка соработка меѓу нас” изјави Николоски.

Виенскиот економски форум е најголемиот настан во делот на економијата во Југоисточна Европа, форум на кој доаѓаат бизнис лидери, политичари, банкари, економисти. Вицепремиерот Николоски најави дека на форумот ќе ја презентира работата на Владата во измината година, со фокус на економските и фискалните политики, инфраструктурата, градежништвото и сето она што ја движи македонската економија со цел привлекување на нови странски инвеститори.