Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави

Се случи еден од најголемите и најшокантни скандали во здравството, откриени се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се случи еден од најголемите и најшокантни скандали во здравството, откриени се најмалку 10 непотребни операции на срце, се наведува во соопштението од прес – конференцијата на Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Но се уште нема кривични пријави и нема целосни информации во јавноста.

Како е можно за ваков скандал без преседан, министерот да го презентира случајот на ваков начин, без целосни информации и без никакви пријави? Министерот Алиу тврди дека комисија „утврдила“ непотребни операции, но во истата реченица вели дека извештајот не бил финален.

Ако извештајот не е финален, како се утврдени шокантните факти? Ако е утврдено – зошто документот се крие? Зошто не се објавуваат имињата на клиниките и лекарите кои стојат зад тие интервенции? Зошто по ваков огромен скандал не се поднесени веднаш кривични пријави и тие да бидат процесирани на останатите органи да постапуваат?

Реклама

Што се чека? Дали некој треба да биде заштитен? Дали некој да добие време да се извлече, да избега, да се сокријат трагите? За ваков скандал никој нема право да молчи и да калкулира.

Бараме итно јавно објавување на целосниот извештај, во фазата во која се наоѓа, без преправки, без селекција и без дополнително „пеглање“. Објавување на сите приватни клиники и субјекти кои биле дел од процесот. Објавување на сите имиња на комисии, консилиуми, лекари и управители кои носеле одлуки.

Инсистираме јавно да се соопшти, кој дал индикација, кој од докторите дал индикација дека треба да се направат, и тоа за сите интервенции. Веднаш поднесување кривични пријави – без чекање, без прикривање и без одлагање.

Активирање на ЈО, ДКСК и Финансиска полиција, поради сериозните индиции за корупција, недозволено упатување пациенти и профитирање врз туѓа мака. Правна и психолошка поддршка за пациентите и семејствата кои се соочиле со траума и ризик по сопствениот живот.

Ваков огромен скандал не е и не може да се третира како административен пропуст. Станува збор за сомнеж за злоупотреба на здравствени услуги на најтежок можен начин и треба да се делува веднаш. СДСМ ќе продолжи да бара целосна одговорност и објавување на сите факти во јавноста.