Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Адеми: Извештајот на Европската Комисија – алармантен сигнал за застојот на Северна Македонија на европскиот пат

Демократската унија за интеграција ја изразува својата длабока загриженост за исклучително негативната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Демократската унија за интеграција ја изразува својата длабока загриженост за исклучително негативната оценка што Европската комисија ѝ ја даде на Македонија во својот најнов извештај за 2025 година. Овој извештај, кој е дел од Пакетот за проширување, претставува една од најслабите оценки што нашата држава ги има добиено во последните десет години, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми.

Тој е јасен одраз на институционалниот застој, недостигот од реформи и недоволниот политички капацитет за придвижување на земјата напред кон Европската Унија.

Европската комисија говори со јасен и недвосмислен јазик. Термините што се користат во извештајот – „без напредок“, „ограничен напредок“, „не се преземени мерки“ и „имплементацијата останува слаба“ – претставуваат сериозна дијагноза за внатрешната состојба на државата.

Реклама

Ова не се политички интерпретации, туку официјални оценки од самата Европска Унија. Пораката е јасна: Македонија стагнира и губи чекор во однос на земјите од регионот.

Во сржта на проблемот се наоѓа неуспехот на Владата да ги исполни основните услови за отворање на преговорите, вклучително и првиот кластер што се однесува на владеењето на правото и функционирањето на правосудните институции. И покрај долги години ветувања, процесот останува во место. Наместо градење моментум, гледаме целосен недостиг од координација, управувачка неспособност и недостиг на политичка волја за вистински реформи.

Една од најкритичните точки што ги истакнува извештајот е неуспехот да се реализираат уставните измени, кои се јасен услов поставен од Европскиот совет. Комисијата нагласува дека не е направен ниту еден обид за нивно усвојување. Ова не е само техничко доцнење – ова е прекршување на меѓународна обврска и сериозно го поткопува кредибилитетот на државата пред нашите европски партнери.

Подеднакво загрижувачка е состојбата во владеењето на правото, независноста на судството и борбата против корупцијата. Комисијата констатира дека нема никаков напредок во овие суштински области. Корупцијата останува распространета, а политичкото влијание врз правосудниот систем е реалност што ја гледаме секојдневно. Овие фактори директно ја попречуваат европската интеграција на Северна Македонија.

И реформата на јавната администрација, која требаше да биде еден од столбовите на институционалната модернизација, останува само на хартија. Комисијата посочува дека практичната имплементација недостасува, додека администрацијата продолжува да биде политизирана, немеритократска и без европски стандарди на ефикасност. Во вакви услови, земјата не може да изгради капацитети неопходни за функционално членство во европското семејство.

Во областа на демократијата и институциите, извештајот е исто така критичен. Земјата нема преземено мерки за исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија за изборен интегритет, институционална транспарентност и демократско функционирање на Собранието. Наместо зајакнување на институциите, сведочиме нивно ослабување и продлабочена политизација.

Комисијата забележува и недостаток на напредок во сферата на основните права и слободата на изразување. Условите во затворите остануваат неприфатливи, законите за човекови права не се спроведуваат целосно, а новинарите продолжуваат да работат во атмосфера на несигурност.

Ова укажува дека европските вредности сè уште не се вкоренети во нашиот институционален систем. Дури и во економскиот дел, извештајот упатува на мрачна слика: висока инфлација, зголемени дефицити и ниска конкурентност. Владата не успева ефективно да ги искористи фондовите на Европската Унија — директна загуба за граѓаните, економијата и развојот на државата. Додека другите земји од регионот напредуваат, Македонија заостанува дури и во искористувањето на европските финансиски инструменти.

Сите овие констатации ја ставаат Северна Македонија во алармантна позиција. Додека Албанија, Црна Гора, Молдавија и Украина добиваат признание за измерлив напредок, Македонија губи чекор и кредибилитет. Ако ваквиот пристап продолжи, државата ризикува да остане надвор од новиот бран на проширување на Европската Унија.

Почитувани граѓани, Извештајот на Европската комисија е аларм кој треба да ја разбуди политичката и институционалната свест во земјата. Декларациите и реториката повеќе не се доволни; потребни се конкретни дејствија, одговорност и искрена волја за вистински реформи.

Демократската унија за интеграција верува дека европската интеграција не е политички слоган, туку национална и стратешка обврска. Ние сме и ќе останеме главниот промотор на овој процес, бидејќи знаеме дека иднината на државата, без никаква дилема, е во Европската Унија.

ДУИ ќе продолжи да биде одговорниот глас што бара отчетност, транспарентност и реформа.

Ќе продолжиме да го штитиме европскиот интерес на нашите граѓани, бидејќи интеграцијата нема алтернатива. Европскиот пат е единствениот пат што гарантира демократија, правда и развој за сите.