Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија

На Светскиот ден на дијабетесот, 14 Ноември, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Светскиот ден на дијабетесот, 14 Ноември, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија – СЗДМ со кои разговараше за главните проблеми и предизвици со коишто се соочуваат.

Како што соопшти Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова, претставниците на Сојузот ја запознале со личната карта на организацијата, којашто застапува 23 здруженија од земјава посветени на превенцијата од дијабетес, како и грижата и заложбите за унапредување на квалитетот на животот на дијабетичарите.

-Имајќи предвид дека во државава се регистрирани 142 илјади пациенти, од кои 42 илјади се на инсулинска терапија, соговорниците се согласија дека е неопходно итно спроведување на современи превентивни, континуирани и квалитетни програми, со коишто не само што се штитат нивното здравје и живот, туку рапидно се намалуваат трошоците, се наведува во соопштението.  

Реклама

Претставниците на Сојузот ја запознале претседателката со приоритетите во борбата со оваа опака болест како што се: потребата за добивање на сензори, oдносно CGM системи за секое лице со Тип1 дијабет. Тие ја посочиле и нужноста од достапност на современата инсулинска и анти-дијабетна терапија, од превентивни прегледи низ државата, како и од создавање отворен пазар за медицинските помагала – ленти и гликомери, како предуслов за конкуренција и подобар квалитет, со оглед на досегашните тешки, а напати и ризични искуства.

Претседателката била информирана и за соработката на СЗДМ со надлежните институции, како и за активностите во рамки на Меѓународната дијабетес федерација во којашто членуваат 251 национални организации од 158 земји во светот каде што се бележи растечки тренд на новодијагностицирани.

Укажувајќи на важноста од подигнување на свеста за здравствената закана што ја носи дијабетесот, претседателката Сиљановска-Давкова изразила целосна поддршка за напорите на Сојузот и ја истакна важноста да се изнајдат системски решенија што конкретно ќе придонесат во обезбедувањето на поквалитетен живот за лицата со дијабетес во државава.