Реклама
Македонија

Повлекувањето на Кренар Лога ја продлабочува кризата во Коалицијата на ДУИ

По поразот на локалните избори во Струга, Алијансата за Албанците го доживува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По поразот на локалните избори во Струга, Алијансата за Албанците го доживува еден од најтешките удари од своето формирање. Повлекувањето на Кренар Лога според експертите е притисок и кон партискиот претседател Зијадин Села, да размисли да поднесе оставка и партијата кадровски да се освежи. Лога објави дека заминува од политичкиот живот и од сите функции во партијата, порача дека одлуката е тешка затоа што во Алијансата вложил „енергија, срце и душа“. Со ова, кризата во Алијансата за Албанците, може да се преточи и во коалицијата Национална алијанса за интеграција, предводена од ДУИ.

Повлекувањето на Кренар Лога, што практично е вториот човек во Алијанса за Албаницте, кој има огромно влијание, значи дека во оваа партија има голема криза, но исто така, значи дека Националната алијанса за интеграција полека се распаѓа. Не им успеаа обидите и лагите за предвремени парламентарни избори,после локалните, и се случи тоа што се случи, вели Љуљзим Фаризи, политички аналитичар.

Додека Коалицијата на ДУИ се соочува со криза, владиниот партнер „Вреди“ најавува нови потреси во парламентот. Од таму тврдат дека четворица пратеници од Националната алијанса за интеграција ќе преминат во владејачкото мнозинство. Според експертите, причината е разочараност од партиските раководства и од правецот во кој се движи ……..

Реклама

Според најавите од „Вреди“, процесот на преминување е започнат и би можел да биде официјализиран по локалните избори во Гостивар и Врапчиште. Ако се случи тоа, НАИ ќе се соочи со уште поголемо слабеење на политичката сцена.

Кризата во коалицијата предводена од ДУИ не е нова. Почна уште кога беше именувана Европски Фронт. Тогаш се скараа со партијата на Турците, како и со Демократската партија на Албанците на Мендух Тачи. Тачи ја напушти коалицијата, а Европски фронт се ребрендираше во Национална алијанса за интеграција – но, како што велат аналитичарите, „промената на амбалажата не значи и промена на суштината“.