Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Костадиновски нов претседавач на Балканскиот форум на уставни судови, најавен форум во Скопје во 2026 година

Уставниот суд на Mакедонија од денеска, во наредната година ќе претседава со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд на Mакедонија од денеска, во наредната година ќе претседава со Балканскиот форум на уставни судови (BCCF) и ќе биде домаќин на 4. Форум кој ќе се одржи во земјава, на 12 и 13 ноември 2026 година. Претседателот на Уставниот суд  Дарко Костадиновски и официјално го презеде претседателството на 3. Годишен состанок на Балканскиот форум, кој се одржа во Анталија, Република Турција. 

Костадиновски, како што соопштија од Уставниот суд, ќе го претставува Форумот на регионални и меѓународни собири и конференции во текот на следната година.

-На специјалната сесија посветена на клучните прашања поврзани со статусот на Балканскиот форум на уставни судови, претседателот Костадиновски ги информираше останатите судови-членки дека на 4. Форум кој ќе се одржи следната година во Македонија како почесен гостин ќе присуствува претседателот на австрискиот Уставен суд, Кристоф Грабенвартен, а поканети ќе бидат специјални гости од Венецијанската комисија, Европскиот суд за човекови права, претставници од судовите од Египет, Шпанија, Азербејџан, се наведува во соопштението.

Реклама

Од Уставниот суд информираат дека на оваа одлука претходело усвојување на Статутот и на Анталиската Декларација на Форумот со која членовите се обврзаа на заложбите со кои ќе се обезбедат принципите на владеењето на правото, демократијата и промоција и почитување на човековите права во балканските земји. 

-Со овие два значајни документа судовите-членови на Балканскиот форум на уставни судови го потврдија постоењето на BCCF како постојано тело и независна судска платформа за значајни уставни јурисдикции помеѓу земјите на Балканскиот регион, како и потребата од усвојување на посебен Статут со кој е дефинирана организационата структура на Форумот, се посочува во соопштението. 

Сесијата посветена на BCCF се одржа во рамки на 3. Годишна конференција на којашто се обрати претседателот на Уставниот суд, Костадиновски. Во неговото обраќање се осврна на „Стандардизација на човековите права и улогата на уставната правда”.  

Балканскиот форум на уставни судови беше формиран во октомври 2023 година на иницијатива на Уставниот суд на Република Северна Македонија и Уставниот суд на Република Бугарија. На првиот Годишен состанок претседателите на уставните судови на Македонија, Бугарија, Албанија, Косово, Црна Гора и Туркије потпишаа Меморандум за разбирање и основање на Форумот.