Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Градоначалникот Меља на средби со жители на неколку дебарски села

Градоначалникот на Дебар, Фисник Меља, заедно со претседателот на Советот на општината,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Дебар, Фисник Меља, заедно со претседателот на Советот на општината, Африм Кркути и други претставници на општинската администрација, денеска беа во посета на неколку населени места, каде непосредно ги слушнаа потребите на жителите.

-Ги посетиме  селата Долно Косоврасти, Горно Косоврасти, Могорче, Отишани и Џепиште. Овие посети не беа само формални средби, туку искрени разговори со жителите, семејствата и локалните претставници кои секојдневно придонесуваат за развојот на нашата заедница, информираше Меља.

Додава дека како локална власт остануваат посветени на редовната соработка со граѓаните и одржливиот развој на секој дел од Општина Дебар. 

Реклама

-Преку континуирана работа на терен и отворен дијалог со заедницата, целиме кон зголемена транспарентност, зајакнување на институциите и подобрување на јавните услуги. Секое од овие села има голем потенцијал, вредни луѓе и јасна визија за подобрување на секојдневниот живот, нагласува Меља.

Изразува длабока благодарност за топлиот прием, за “укажаната доверба и за соработката што заеднички ја градиме”.

-Како градоначалник на Општина Дебар, се обврзувам гласот на овие заедници да биде слушнат и нивните потреби да го добијат заслужениот приоритет. Инвестициите во инфраструктурата, јавните услуги и економскиот развој ќе останат составен дел од нашата заедничка работа. Ви благодарам за гостопримството, соработката и довербата што ни ја укажувате на овој нов пат. Заедно ќе изградиме пофункционален, порамноправен и понадежен Дебар за секое семејство, порачува Меља во објава на Фејсбук.