Реклама

Николоски: Македонија станува транзитен центар на Балканот со коридорите 8 и 10

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Економија

Николоски: Во декември ќе избереме изведувач за автопатите Скопје-Блаце и Кичево- Букојчани, полека го комплетираме цел патен Коридор 8

Очекувам во декември да избереме изведувач за изградба на автопатите Скопје –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Очекувам во декември да избереме изведувач за изградба на автопатите Скопје – Блаце и Кичево – Букојчани. Доколку дозволат временските услови веднаш ќе почне да се работи, доколку не, напролет ќе се работи, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, говорејќи за динамика за изградба на автопатите на Коридор 8.

-Рокот за поднесување на понуди заврши, има поднесени доста понуди, заради тајност на постапката не можам да ја кажам бројката, но е доста голема. Има сериозни понуди и најмалку три од нив се во рамки на буџетот за Скопје – Блаце, а исто така има и три понуди за автпатот Кичево Букојчани. Многу значајно за Скопје -Блаце е тоа што успеавме да го вратиме проектот во нормала. Она што ние го наследивме беше 27 милиони евра по километар, што мислам дека сите ќе се сложат дека е неодржлива работа. Сега го вративме во рамки на договорената цена со ЕБОР, таму имаме 166 милиони евра кредит и 30 милиони евра грант, тука влегува и изведба на градежните работи, надзор и техничка помош за ЈПДП. Очекувам во првата половина од декември да избереме изведувач и во зависност од временските услови да ги воведеме во работа и таму е брз рокот 2,5 години, истакна Николоски. 

Вицепремиерот најави дека се работи на проект за реконструкција на обиколница Скопје, а исто така интензивно се работи и на останатите автопати на Коридор 8. 

Реклама

– Работиме проект за целосна реконструкција и рехабилитација на обиколницата на Скопје, која што оди од Арачиново кон Ѓорче Петров. Работиме на Тетово Гостивар нов автопат, одлично оди динамиката. Таму имавме одредени проблеми со рушење на одредени објекти, но и тоа се решава, се експроприра земјиштето. Понатаму работиме на Гостивар-Букојчани популарната Стража, проект кој што за мене е лична гордост, затоа што е доста тежок и комплициран инженерски проект. Од 33 км колку што е целата траса, првите 17 км се пробиени. Од пролет ќе почне да се работи од страната на Букојчани и ова ќе е прв автопат кој ќе се спојува на пола, потенцира вицепремиерот Николоски.

Тој исто така најави дека во прва половина на декември ќе се пуштат во сообраќај нови делници од автопатот Кичево -Охрид.