Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Мицкоски: Од првиот ден тргнавме со јасна цел-да го обновиме, модернизираме и хуманизираме здравствениот систем

Фондот за здравствено осигурување е институција која не е само администратор на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фондот за здравствено осигурување е институција која не е само администратор на фондови туку партнер, градител, чувар на стабилноста и двигател на реформите. Мораме да бидеме искрени, оваа институција во минатото имаше сериозно разнишан кредибилитет, граѓаните гледаа поединци со пари, директори, непресметани расходи, нетранспарентни одлуки и систем кој повеќе личеше на поле за лични привилегии отколку на сервис на граѓаните, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешниот настан на кој се одбележуваат 25 години од осамостојувањето на ФЗО.

-Полека, но сигурно, споредено со минатото, ФЗО го враќа својот интегритет и единствениот начин тоа да се поврати е бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, со работа, со ред, со дисциплина и со јасна одговорност. Морам да му честитам на директорот дека врши одлична работа, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека кога ја презеле одговорноста за водење на државата, затекнале здравствен систем во незавидна состојба со дефицит на кадар, нефункционални установи, недоволна опрема, долги листи на чекање и сериозно нарушена доверба кај пациентите.

Реклама

-Наместо тоа да биде изговор се обидовме да преземеме акција. Во изминатата година и половина, Владата покажа посветеност кон јавното здравство. Од првиот ден тргнавме со јасна цел да го обновиме, модернизираме и хуманизираме здравствениот систем.  Во инфраструктурата започнавме нов бран на инвестиции, од новата амбуланта во Петровец, до реконструкција и модернизација на операционите сали  во *-ми Септември, како и низа реконструкции, технолошки обнови на болници ширум државата, рече Мицкоски.