Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Економија

МФ ќе ja исплати главницата и каматата од втората Граѓанска обврзница, се подготвува проспект за нова

Министерството за финансии денеска треба да изврши исплата на главницата и каматата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за финансии денеска треба да изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената втора граѓанска обврзница. Од Министерството велат дека средствата во износ од 17,6 милиони евра и каматата во износ од 880 илјади евра ќе бидат исплатени на сметките на граѓаните.

Втората граѓанска обврзница, Министерството за финансии ја издаде на 7 ноември 2023 година со рок на достасување од 2 години и каматна стапка од 5 проценти годишно. Каматата од оваа граѓанска обврзница за првата година беше исплатена минатата година во ноември при што беше исплатен износ од 54.274.000 денари или 880 илјади евра.

Граѓанската обврзница како нов инструмент беше воведен во 2023 година, со цел да се збогати понудата на нови инструменти за финансирање на финансискиот пазар, како и проширување на изворите на финансисрање на економските политики.

Реклама

Досега се издадени 2 емисии во вкупен износ од 41,1 милион евра. Во првата емисија беа запишани обврзници во износ од 23,5 милиони евра, додека во втората 17,6 милиони евра.

– Министерството за финансии ќе продолжи со објава на нови емисии на граѓански обврзници. Проспектот за новата емисија се подготвува и се очекува да биде објавен до крајот на годината. Имено, во Министерството за финансии во изминатиот период се работеше на анализа на финансискиот пазар и трендовите во регионот и Европа во насока на диферзификација на понудата на финансиските инструмени за инвестирање и веќе се работи на подготовка на нова емисија Граѓанска обврница, велат од ресорното Министерство.