Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Меѓународна конференција „Економски и бизнис трендови што ја обликуваат иднината“

Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска и утре е домаќин на Шестата меѓународна научна конференција „Економски и бизнис трендови што ја обликуваат иднината“ (EBTSF-25).

Конференцијата ќе ги обедини истражувачите и експертите од областа на економијата и бизнисот, со цел размена на современи научни сознанија и искуства.

Меѓу главните говорници, како што најавија организаторите, се проф. Келд Лаурсен од Копенхагенската бизнис школа во Данска, кој ќе говори на тема „Што ги прави универзитетите економски корисни – и што значи тоа за економиите во развој“, и  и проф. Тарек Ф. Расул од Заливскиот универзитет за наука и технологија (GUST) во Кувајт, кој ќе зборува на тема „Совладување на уметноста на систематските прегледи на литературата“.

Реклама

EBTSF-25 претставува водечка академска платформа која ја поттикнува регионалната и меѓународната научна соработка и придонесува за унапредување на економската мисла и деловната практика. Оваа конференција е дел од активностите со кои Економски факултет – Скопје го одбележува јубилејот – 75 години од основањето.