Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

ДИК ги прогласи Локалните избори 2025 за конечно и официјално завршени

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 157-ма седница ги прогласи Локалните избори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 157-ма седница ги прогласи Локалните избори 2025 за официјално и конечно завршени.

Членовите на ДИК го донесоа и дополнувањето на заклучокот за конечност на резултати од гласањето на вториот круг за избор на градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје и Заклучокот за завршување на локалните избори 2025 за избор на членови на советите на општините, совет на Град Скопје и градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје.

Претседателот на ДИК Борис Кондарко истакна дека денеска е рокот кога ги објавуваат конечните резултати и заклучокот за завршување на изборите, откако вчера ги добиле официјално и одлуките на Управниот суд со кои се одбиени сите тужби, односно со кои се потврдени одлуките на ДИК за одбивање на претходно донесените приговори.

Реклама

-Овој заклучок за завршување на локалните избори 2025 година гласи: Со објавувањето на конечните резултати од гласањето во првиот круг спроведен на 19.10.2025 и конечните резултати од гласањето во вториот изборен круг за гласање спроведено на 2.11.2025 година за избор на членови на општините и Совет на Град Скопје и градоначалници на општините и градоачалник на Град Скопје, ДИК информира дека огласно член 31 став 2 точка 22 од Изборниот законик, локалните избори 2025 заклучно со денес 12 ноември 2025 се конечно и официјално завршени, рече Кондарко.

ДИК на денешната седница го донесе и дополнување на заклучокот за конечност на резултати од гласањето во вториот круг за избор на градоначалници на општините, за градоначалник на Град Скопје одржани на 2.11.2025 за соодветните општини каде што имаше гласање во вториот круг.

-По истекот на спроведените законски дејствија и поминатите законски рокови за поднесување приговори до ДИК и за поднесување тужби до Управниот суд, во постапката за сумирање и утврдување резултати од ласањето, ДИК ги објавува конечните резултати за избор на градоначачник на општините во постапката по приговори и тужби каде што постапката е завршена односно ова дополнување на заклучок за конечни резултати за завршено гласање за вториот круг каде што имаше поднесено приговори и тужби, конкретно – Општина Брвеница избран кандидат за градоначалник Јовица Илиевски коалиција Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ, Општина Карпош Сотир Лукровски избран кандидат за градоначачник коалиција Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ, Курто Дудуш Унија на Роми, избран кандидат за градоначалник на Општина Шуто Оризари, посочи Кондарко.

На седницата беа објавен и конечните резултати од прегласувањето на избирачките места 2961, 2962, 2966 за избор на членови на Совет на Општина Шуто Оризари спроведено на 2.11 по истекот на законските рокови за поднесување приговори до ДИК и поднесување тужби до Управниот суд.

-Под реден број 4 на гласачкото ливче Национална алијанза за интеграција (НАИ) има освоено 4 мандати во Советот на Општина Шуто Оризари, под реден бр 7 на глсачкото личе коалиција ВЛЕН 4 мандати во Советот, под реден број 9 на гласчакото ливче коалиција Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ 4 мандати, под реден број 11 Сојуз на Роми еден мандат во Советот, под реден бр 17 Унија на Роми пет мандати во Советот, под реден број 24 на гласчакото ливче Демократски сили на Ромите, еден мандат во Советот дополни Кондарко.