Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Муцунски: Договарањето со коалициските партнери ќе го направиме меѓусебно,  фокусирани на квалитет

Договарањето или воспоставувањето на условите меѓу коалициските партнери во Владата треба прво…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Договарањето или воспоставувањето на условите меѓу коалициските партнери во Владата треба прво меѓусебно да го направиме, а не да договараме преку медиумите, истакна денеска министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски.

Тој одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конфереенција во Владата за очекувањата од средбата на коалицијата и дали ВМРО – ДПМНЕ ќе ослободи министерски места за да направи простор за коалициските партнери истакна дека имаат тековна комуникација која што трае и ќе продолжи во следниот период.

– Не сметам дека договарањето или воспоставувањето на условите треба да го правиме преку медиумите. Со максимална почит кон вас како медиуми, и не сакам да ме разберете погрешно, но мислам дека тоа се прашања коишто треба прво меѓусебно да ги договориме, а потоа да ги објавиме. Така се гради доверба, кога функционираш како еден тим, како една колективна единица која што работи да постигне успех, нагласи Муцунски.

Реклама

Земајќи го во предвид  функционирањето на коалицијата изминатата година и половина, подвлече дека со сите предизвици генерално доста успешно соработувале и имале заеднички капацитет да ги надминат. Изрази убедување дека наредните денови ќе постигнат договор и оти ќе се фокусираат на квалитет наместо на бројки.

-Јас сум убеден дека во следните денови ќе биде постигнат договор, којшто ќе биде насочен пред се кон зголемена ефикасност на Владата. Една работа што постојано и премиерот мислам пред некој ден ја нагласи, дозволете јас да го повторам – дека не се работи за бројот на местата на коалициониот партнер. Се работи за прашањето за капацитетот на поединците, нивното знаење и нивното искуство и како тие ќе придонесат кон институциите што посакуваат да ги предводат. Помалку да се фокусираме на квантитет, а повеќе да се фокусираме на квалитет. Тоа треба да биде и приоритетот на сите коалициони партнери во Владата, рече Муцунски.