Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Координативниот центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи во цивилното воздухопловство од 1 февруари ќе биде под надлежност на ЦУК

Од 1 февруари, Координативниот центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 1 февруари, Координативниот центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи во цивилното воздухопловство ќе биде под надлежност на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Директорот на ЦУК Али Мухамед, и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), Драги Стојаноски, денеска потпишаа Договор за деловно-финансиска соработка меѓу двете институции.

Како  што се наведува во соопштението од Центарот, како резултат на договорот, ЦУК ја превзема обврската за формирање на Координативен центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи во цивилното воздухопловство.

– Со овој договор се уредува меѓусебната соработка во делот на потрагата и спасувањето во областа на цивилното воздухопловство, преку размена на информации, координација, финансиска и логистичка поддршка. Целта на договорот е унапредување на безбедноста и ефикасноста при спроведување на активности за потрага и спасување. Потпишувањето на овој документ претставува потврда за континуираната заложба на двете институции за подобрување на системот за управување со кризи и воздухопловна безбедност во Македонија, се посочува во соопштението од ЦУК.