Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

Фрчковски, Пендаровски, Спасовски, Шилегов, па и Црвенковски: почна „играта на Тронови„ во СДСМ

Битката за тронот во СДСМ започна. Филипче, Фрчковски, Пендаровски, Спасовски, Шилегов, па…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Битката за тронот во СДСМ започна. Филипче, Фрчковски, Пендаровски, Спасовски, Шилегов, па дури и Црвенковски – по најслабиот изборен резултат во историјата, во партијата веќе започна внатрешната рововска битка за тоа кој ќе го преземе раководењето. Последниот во низата, е судирот меѓу идеологот и подржувач на Филипче, екс-министерот Фрчковски, кој отворено го нападна екс-претседателот Пендаровски дека работел против актуелното раководство.

„Ме чуди тоа што мешетари Стево Пендаровски. Нема потреба од тоа. А мешетари – без везе…“ рече Љубомир Фрчкоски, професор и поранешен амбасадор.

Со овие зборови, Фрчкоски директно го отвори прашањето за внатрепартиските игри — но и за улогата на поранешниот претседател Стево Пендаровски, кој, според шпекулациите, води неформална иницијатива за реформи во СДСМ и поширокиот опозициски блок. Пендаровски остро возврати на обвинувањата.

Реклама

„Во моето 30-годишно бавење со јавни работи никогаш не сум мешетарел, како некои други во чии кариери нема ништо друго освен заткулисни маневри и кафеанско озборување. Изјавата е целосно одлепена од реалноста., напиша Стево Пендаровски, поранешен претседател.

Фрчковски инидиректно посочи дека освен Пендаросвки, на Филипче зад грб му работат и, како што ги нарече, еден поранешен министер и еден поранешен градоначалник, алудирајќи на Оливер Спасовски и Петре Шилегов. Спасовски веднаш по изборите и јавно ислезе со остра критика за поразот и за тоа кој треба да понесе одговорност.

„Резултатот од 126 илјади гласа претставува дно. Се надевам дека тоа ќе биде дното на кое сите ќе застанеме., рече во интеврју пред неколку недели Оливер Спасовски, пратеник и поранешен министер.

Спасовски, кој веќе покажа амбиции за лидерската позиција, вели дека резултатот е аларм кој мора сериозно да се анализира. Според него, дури 60 проценти од граѓаните не излегле да гласаат – јасен сигнал за разочараност не само од СДСМ, туку и од целата политичка сцена.

Но додека сегашните функционери се борат за влијание, во јавноста повторно се појави едно старо, добро познато име – Бранко Црвенковски.

По години отсуство од политиката, поранешниот премиер и партиски лидер е фотографиран неколку пати за само две недели – во друштво со министри, градоначалници и активисти. Случајни средби или координиран сигнал дека повторно ќе игра улога во внатрепартиските процеси?

СДСМ официјално молчи. Венко Филипче тврди дека нема намера да си замине. Но, внатре партијата врие – меѓу стари лојалности и нови амбиции, меѓу паднат морал и желба за контрола.