СДСМ е на стаклени нозе и само продолжува да тоне. Јавноста беше сведок на историскиот дебакл на СДСМ на локалните избори годинава, каде партијата освои само шест општини, 126.000 гласови и околу 230 советници, а покрај ова ги изгуби и своите некогашни бастиони, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, постојано најавуваше реформи во структурите на партијата. Но ваквите негови изјави, затоа што предолго само се најавуваат, а не се случуваат, со тек на време станаа само празни зборови.
И наместо вистинска реформа, гледаме само континуитет на истите штетни пракси што ја доведоа првично партијата до оваа состојба во која се наоѓа денес денес.

Оттука, може да се заклучи дека заевизмот и понатаму доминира во СДС, и се додека Филипче и неговиот ментор управуваат со СДСМ, партијата ќе продолжи да биде партија во слободен пад.
Јасно е дека, доколу СДСМ не се консолидира, не се реформира, и целосно не го искорени заевизмот од своите редови, партијата ризикува целосно да престане да постои како дел од македонската политика.
Потребна е конструктивна опозиција која ќе нуди решенија не полемичарење во празно, а Венко Филипче како претседател на СДСМ, не покажа ниту капацитет ниту пак некаква волја да ја извлече партијата од кризата во која се наоѓа.
СДСМ и Филипче треба да знаат дека конструктивна опозиција не се гради преку празни реторики. Потребни се транспарентни процеси, потребна е реформација во структурите на партијата и искоренување на штетните пракси.
Најавите за реформи на Филипче не се доволни сами по себе и се потребни конкретни чекори. Затоа, неговата оставка е единствен логичен чекор, и воедно е прв услов за СДСМ да има било каква иднина и можност за реформи.
