Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Владата ќе именува повереници во општините каде не беа избрани градоначалници кога официјално ќе бидат завршени изборите, вели Мицкоски

Владата ќе именува повереници во оние места каде не беа избрани градоначалници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата ќе именува повереници во оние места каде не беа избрани градоначалници на локалните избори, но, откако Државната изборна комисија официјално ќе ги заврши изборите и ќе достави информација до неа. За персонални имиња, како што рече премиерот Христијан Мицкоски, се уште не се водени разговори со коалициските партнери.

-Прво треба ДИК официјално да ги заврши изборите, па да ја информира Владата. Тоа очекувам дека ќе се случи следната недела. И потоа, Владата има рок од 15 дена да постапува по тоа, а потоа ДИК да го информира Собранието за да тоа во рок од 60 дена одржи нови избори во тие општини во коишто беа неуспешни. Тогаш веќе нема услов цензус, оној цензус за излезеност, рече Мицкоски при увидот на градежни работи поврзани со проектот градски воз.

Така што, како што истакна, очекува во текот на следната недела кога ќе го добијат известувањето, да седнат со коалициските  партнери, да ги предложат имињата коишто ќе бидат повереници во тие општини во коишто не успеаја изборите.

Реклама

Повторени избори за градоначалници ќе има во општините Гостивар, Маврово и Ростуша, Центар Жупа и во Врапчиште, бидејќи не беше исполнет услот за излезност од една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот на Избирачкиот список.