Реклама

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Македонија

Николоски: Се обновува железничката инфраструктурата, ова ќе остане запишано во историјата на Македонија

На увид сме на два значајни проекти. Првиот, кој се однесува на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На увид сме на два значајни проекти. Првиот, кој се однесува на товарниот превоз, срцето на железничкиот сообраќај во Македонија, е од исклучително значење, имајќи ја предвид географската позиција на државата, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Николоски појасни дека со новата делница која почнува од Драчево и води директно кон Илинден, товарните возови повеќе нема да мораат да ја избегнуваат оваа траса или да минуваат низ центарот на градот преку новата железничка станица.

-На увид сме на два значани проекти. Првиот кој што се однесува на товарниот превоз, нешто што е срцето на железничкиот сообраќај во Македонија, имајќи ја во предвит географската локација на која што се наоѓа Македонија и важноста која што ја има државата. Со овој потег кој што почнува да се работи од Драчево ќе се оди дирекно Илинден, односно товарните возови нема веќе да има потреба или да ја одбегнуваат оваа делница или да ја користат со мала брзина или најлошата варијанта да влегуваат и поминуваат низ центарот на градот односно преку новата железничка станица. На тој начин очекувам дека карго сообраќајот ќе се зголеми значително и многу, појасни вицепремиерот Николоски.

Реклама

Вториот проект се однесува на идејата за градски воз, која за како што рече министерот, полека станува реалност. Имаме три траси: првата оди од Зелениково преку Драчево и Јане Сандански, помеѓу Кисела Вода и Аеродром, и веќе се работи. Наредната година ќе почне и реализацијата на останатите две, нагласи Николоски.

Николоски потсети дека железничката инфраструктура со која се соочиле при преземањето на функцијата е стара повеќе од половина век.

-Дрвените прагови што се заменуваат денес биле поставени меѓу 1963 и 1969 година и од тогаш не се сменети. Замислете во каква состојба ја наследивме државата, кога по толку години првпат се работи во 2024–2025 година, истакна Николоски.

Николоски му се заблагодари на претседателот на Владата за поддршката и порача дека инвестициите во инфраструктурата се историски чекор за Македонија.