Побезбедни патишта и современа сигнализација – тоа е целта на надлежните инстуции за патната инфраструктура во Mакедонија. Земјата ќе црпи искуства од европски држави за да градиме патишта според најсовремените стандарди. Само така, при проектирање на делниците ќе се избегне да се провлечат недостатоци, што во некои случаи се причина за сообраќајни несреќи. Директорот на Државни патишта, Коце Трајановски, смета деке е доста со самобендисаност, и време е да си ги признаваме грешките во секоја фаза на реализација.
- „Ќе слушнеме меѓународни искуства кои ќе ни бидат добри и погодни, воедно и малку ќе се критикуваме. За тоа колку не ги исполнуваме обврските онака како што треба. И од аспект на рокови, од апект на квалитет, од аспект на надзор, проектирање, сите тие сегменти се многу значајни и треба отворено да проговориме а не да бараме филтер се е добро, се е убаво, се е „лепо“ мислам дека тоа нема да не води далеку. Мораме да бидеме и самокритични“ вели во изјава за Алфа, директорот на ЈПДП, Коце Трајановски.
Трајановски вели дека не е доволно патиштата да бидат добро изведени и со логично поставена сигнализација, затоа шт се ќе биде попусто, ако граѓаните не ги почитваат сообраќајните знаци и прописи.
- „Безбедноста зависи од повеќе фактори. Ако тргнеме од генезата, многу е важно проектирањето, добра сигнализација и безбедни патишта во однос на нивната конфигурација, кривини, на наклони и останато секако и одржувањето на таа сигнализација. Но секам да напоменам дека ние како граѓани треба да ја почитуваме сигнализацијата и правилата. За жал ние како народ, држава, нација како граѓани многу малку ги почитуваме и како правило е да не се почитуваат“ дополнува Трајановски.
На третиот конгрес на Друштвото за патишта на Македонија кој се одржува во Скопје, ќе се дебатира за актуелните инфраструктурни проекти кои се реализираат во Македонија, но и за сите идни делници.

- Темите ги диктура актуелниот момент кој што го имаме а тоа се однесува на изградба на патишта, управување и оддржување на патиштата па дури до вештачка интелегенција во патиштата која што веќе навлегува во сите пори од животот. Секако дека ова е инзворедна прилика овој конгрес за да имаме размена на искуства, практики, идеи во новите технологиите кои што се пременуваат во Европа. Дел од нив веќе ги применивме во јавното претпријатие така што верувам дека сите оние новитети кои што ќе придонесат за подобрување на патната инфраструктура во Македонија ќе ги искористиме“ вели во изјава за Алфа, професорот Горан Мијоски – Претседател на Управниот одбор на Друштво за патишта на Македонија.
Конгресот насловен „Градиме подобри патишта за побезбедна иднина“ ќе трае два дена, а учествуваат претставници на 25 европски земји, САД, Кина, Турција и Либија.
