Реклама

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Македонија

Средба Мицкоски – Рокас за Извештајот на ЕК

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе има средба со амбасадорот на Европската Унија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе има средба со амбасадорот на Европската Унија во Скопје Михалис Рокас, во врска со Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата за 2025 година. По средбата Мицкоски и Рокас ќе одржат заедничка прес-конференција, соопшти владината прес-служба.

Европската комисија на 3 ноември го објави извештајот за напредокот на земјава. Во извештајот се наведува дека македонските властите продолжија да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата, но важно е земјата да напредува и да ги финализира сите подготвителни работи поврзани со критериумите за отворање на Кластерот „Основи вредности“. Во документот се посочува дека се потребни понатамошни брзи и решителни активности во однос на одредниците за старт на преговорите во согласност со Преговарачката рамка, со цел Првиот кластер да биде отворен што е можно поскоро и кога ќе бидат исполнети поставените услови.

Евроамбасадорот Рокас во вторникот и го предаде извештајот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а го презентираше и пред пратениците на затворена седница во Собранието.