Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Централно претседателство на ДУИ одлучи да има партиски конгрес до декември, не се разговорало за оставки

Одржување на партиски конгрес до 20 декември е една од главните одлуки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одржување на партиски конгрес до 20 декември е една од главните одлуки на Демократската унија за интеграција (ДУИ) која денеска во партиското седиште во Мала Речица одржа седница на Централното претседателство свикана од страна на партискиот претседател Али Ахмети.

-Дискутиравме за сите развои, за политичките развои и внатрешните развои во ДУИ, за колицијата итн.  Имајќи предвид дека истечен рокот и за партиски конгрес, соочувајќи се со овие политички развои во државата е одлучено до 20 декември да се организираа партиски конгрес, истакна во изјава за медиумите потпретседателот и портпарол на ДУИ, Арбер Адеми.

На новинарско прашање дали се разговарало за оставки по резултатите од изборите, Адеми информира дека не се дискутирало по тоа прашање имајќи предвид дека ќе имаат внатрепартиски избори.

Реклама

-Вчера на прес-конференцијата претседателот Ахмети кажа дека ние пораката ја примивме. На национално ниво сепак, остануваме најголемата политичка опција со над 23.000 гласа повеќе. За некои општини, да, тоа е резултат што веќе го имаме што вчера беше соопштен пред јавноста. И секако дека ДУИ влегува во процес на обнова и затоа се организира и партиски конгрес кој ќе треба да биде одржан до 20 декември, одговори Адеми.

Тој соопшти и дека на седницата е донесена одлука за формирање на организациониот одбор за конгресот во кој ќе членуваат осум партиски членови.