Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Жител на Богданци починал од повреди по физичка пресметка, полицијата уапсила 55-годишник од село Сретеново

Педесет и тригодишен жител на Богданци, Н.Т., починал вчера во болница во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Педесет и тригодишен жител на Богданци, Н.Т., починал вчера во болница во Гевгелија по добиени тешки телесни повреди во физичка пресметка со 55-годишник од дојранското село Сретеново, со иницијали В.Р. Како што соопшти МВР денеска во дневниот билтен, полицијата од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го уапсила В.Р. синоќа во 22:25 часот во неговото село Сретеново.

Претходно, во Стар Дојран настанала физичка пресметка помеѓу него и  Н.Т.(53) од Богданци, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Гевгелија, каде што подоцна починал. 

-По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, телото на починатиот е дадено на обдукција. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а во текот на денот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Министерството за внатрешни работи.