Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

„Карпошово востание“ во СДСМ: Филипче бара неутралност, ама членството се оградува од него

„Карпошово востание“ во СДСМ. Кој и да бил мотивот што Маја Мојсова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Карпошово востание“ во СДСМ. Кој и да бил мотивот што Маја Мојсова од СДСМ која отпадна во првиот круг, се сликаше со Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ, потегот многумина го сфатија како директна подршка за нејзиниот довчерашен ривал. Фотографијата крена паника во СДСМ. Прво пристигна остра реакција од нивниот центар за коминикации, по што Мојсова добила повик од партискиот шеф, а денеска веројатно ќе биде викната и на рапорт. Филипче се правда и вели дека не станува збор за некаков договор, туку неговата кандидатка била политички неискусна.

  • „Не станува збор за никаков договор. Разговарав и со Маја, ќе се видиме во текот на денов, таа напиша и еден пост. Тоа го припишувам на политичко неискуство. Нема никаков договор за поддршка на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош, каде и ние се боревме во првиот круг“ – рече Филипче.

Алфа побара став од Маја Мојсова, но таа не одговори на нашите повици и пораки. Сепак, се дообјасни преку социјалните мрежи. Вели дека фотографијата била чин на домашно воспитување – ниту негира ниту потврдува дека нејзин фаворит во вториот круг е токму Сотир Лукровски.

  • „Од што сме отруени со негативна енергија и препукување сите забораваат на основните цивилизациски и демократски принципи. Мала е земјата и сите се познаваме и среќаваме насекаде“ напиша Мојсова.

Инаку лидерот на СДСМ ги повика членовите да излезат на изборите, а во општините каде немаат каднидати да гласаат по свое убдеување. Тоа би требало да важи и за Карпош. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, смета дека со ова на Филипче очигледно не му смета неговите членови да гласаат и за Јакимовски, кој има првостепена затворска пресуда за криминал и е на црната листа на САД.

Реклама
  • „Претпоставувам дека останатите кандидати и политички чинители во Македонија исто така ќе се согласат со ова што ќе го кажам а тоа е дека нема да поддржат кандидати кои се наоѓаат на црната листа поради криминал кај нашиот стратешки партнер САД и нема да поддржат осудени во прв степен лица кои на овие локални избори излегуваат и се обидуваат со старите трикови да ја добијат поддршката на карпошани. Можеби вистинското прашање за претседателот на СДСМ е дали тој поддржува лице кое е на црната листа за сторен криминал кај нашиот стратешки партнер и дали поддржува лице кое е осудено во прв степен заради сторен криминал. Можеби тоа е вистинското прашање, оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова не е прво несогласување помеѓу раководството и партиското членство на СДСМ. По поразот уште во првиот круг од локалните избори, со кои Бихаќка ја загуби титулата втора партија во Македонија, најголемите критики дојдоа од внатре. Жестоко реагираше и проанешниот партиски истакнат член Ивор Мицковски кој потврди дека во државата нема опозиција, а СДСМ била киднапирана и некооперативна партија. Екс градоначалникот на СДСМ во Струмица, Костадин Костадинов,  побара итни реформи во самиот врв, бидејќи не смеело да продолжи самоволието во партијата.

СДСМ во првиот круг најголемиот дебакл го дожвеаја во главниот град, како и во сите поголеми општини освен во Центар и Аеродром. Сепак ваквите резултати не се причина партиското раководство да понесе одговорност, затоа што според нивните математики локалните избори биле успешни.