Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Грантови за основни и средни училишта за унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата

Министерството за образование и наука објави Јавен повик за доделување грантови за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука објави Јавен повик за доделување грантови за основните и јавните средни училишта, кои придонесуваат за равој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата.

Како што објави МОН, активностите кои ќе бидат поддржани со грант, може да се реализираат самостојно во училишта во кое наставата се одржува на повеќе наставни јазици или во партнерство со друго училиште.

Грантови се во висина до 60.000 денари, а селекцијата со рангирање ќе ја прави Комисија за вреднување на пристигнатите апликации, согласно одредените критериуми.

Реклама

-Ги охрабруваме училиштата да аплицираат со проекти за заеднички активности меѓу учениците, кои реализираат настава на различни наставни јазици. Проектите треба да се во насока на промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на  почитување на разликите, а притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент.

Аплицирањето трае до 01.12.2025 година, а пријавувањето може да се направи на електронскиот систем за услуги на министерството https://e-uslugi.mon.gov.mk во менито за меѓуетничка интеграција.

-За аплицирање на Јавниот повик кој е поставен на e-uslugi.mon.gov.mk, потребно е училиштата да  се најават со официјалните кориснички сметки на @schools.mk кои се веќе регистрирани, се наведува во  повикот на МОН во кој се содржани и насоки за аплицирање.