Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Николовски: Царината заплени 130 килограми марихуана

Царинската управа заплени 130 килограми марихуана која на „црниот” пазар би чинела…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Царинската управа заплени 130 килограми марихуана која на „црниот” пазар би чинела над 700 000 евра.

Со ова, како што рече денеска директорот на Управата Бобан Николовски, спречен е меѓународен канал на нелегална трговија со опојна дрога.

Според Николовски, се работи за квалитетна марихуана која, што е можно поскоро, ќе биде предадена во Агенцијата за конфискација на имот.

Реклама

Едно лице е лишено од слобода и против него е поднесена кривична пријава. Станува збор за српски државјанин, сопственик и возач на превозна компанија регистрирана во Љубљана.

-Марихуаната е запленета без дојава и ова не се случува секој ден. Нашите службеници имаат доволно искуство да проценат што да контролираат, а резултатот е повеќе од очигледен, истакна Николовски на прес-конференција.

Како што информира директорот, управувајќи товарно возило, на излез од Македонија, на граничниот премин Табановце, сторителот се обидел да ја прокриумчари марихуаната, давајќи лажна изјава кај царинските службеници. Возилото го пријавил како празно и рекол дека нема ништо за царинење.

-При прегледот, службениците забележале дека палетите се специјално прекроени и не се во стандардна форма, а зад нив имало повеќе торби.