Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Филипче: СДСМ нема формална соработка ниту разговори со ниту една партија за избор на градоначалник на Скопје

Во општините каде СДСМ нема кандидат во вториот круг секој член, граѓанин…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во општините каде СДСМ нема кандидат во вториот круг секој член, граѓанин и смпатизер има целосно право да одлучи согласно сопственото убедување според тоа кој кандидат носи вредности блиски до социјалдемократската идеја и вредности за чесно владеење, за почит, за еднаквост и за развој, рече денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче. 

Потенцираше дека во тие општини СДСМ нема да навлегува ниту навлегле во некакви калкулации и заткулисни договори.

Филипче тврди дека  СДСМ нема формална соработка ниту разговори со ниту една партија за  избор на градоначалник на Скопје каде во вториот круг се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски и на Левица Амар Мециновиќ.

Реклама

– Немаме формална соработка ниту разговори со ниту една партија, ниту со ВМРО-ДПМНЕ, ниту со Левица, нашите членови и симпатизери нека одучат врз основа на тоа кој сметаат дека ќе може подобро да го води градот, рече Филипче, на новинарско прашање. 

Нема, како рече, ниту договор за поддршка на Стевчо Јакимовски во Карпош, иако беше објавена заедничка фотографија на кандидатката на СДСМ Маја Мојсовска од првиот изборен круг со  Јакимовски. 

– Не станува збор за никаков договор, разговарав и со Маја ќе се видиме во текот на денов, таа напиша и едне пост, тоа го препишувам на политичко неискуство, нема никаков договор за поддршка на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош, каде и ние се боревме во првиот руг, рече Филипче.

Во однос  на другите општини, наведе, луѓето многу добро знаат кои се кандидатите на кои може да им се верува, кои ќе испорачаат, кои имаат добри релации и тоа ќе биде теркот на СДСМ на денот на гласањето. 

На прес-конференцијата Филипче повика на масовна излезеност на изборите и побара максимална поддршка за кандидатите на СДСМ, оценувајќи дека со нивниот избор граѓаните добиваат граданачалници кои ќе работат исклучиво во нивен интерс и ќе одговараат пред нив.

Во вториот круг бараме поддршка од сите граѓани и гласачи без оглед за кого гласае во првиот клруг. Ги повикувам и сите кандидати и нивните поддржувачи кои не поминаа во вториот круг да се приклучат во оваа борба за поддрпка на овие вредносни политики, поосчи претседателот на СДСМ.   

Филипче смета дека треба да продолжи, како што рече, трендот на пад на поддршката на владејачката гарнитура. – Тоа беше евидентно во првиот круг, ВМРО-ДПМНЕ изгуби над 140 000  гласа за година и половина што еј асен индикатор дека опозициското расположеие расте. Очекувам тоа да се засили по изборите затоа што власта не понуди решение за проблемите на  граѓаните, рече Филипче.