Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Битиќи: Резултатите од последните избори јасно покажуваат дека владејачкото мнозинство ја губи поддршката на граѓаните

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, истакна дека резултатите од последните избори јасно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, истакна дека резултатите од последните избори јасно покажуваат дека владејачкото мнозинство ја губи поддршката на граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ.

„Во само 15 месеци власта изгубила околу 30% од своите гласачи, нешто што не се случило во поновата историја на државата да валдејачкото мнозинство ги стопи гласовите. Може да се формира власт, но не и да се има довербата на граѓаните. Ако ги соберете гласовите на опозициските партии и оние кои не излегоа да гласаат за власта, разликата е само околу 16 илјади. Тоа е реалноста,“ додаде тој.

Во однос на состојбите во главниот град, Битиќи потсети дека токму владејачките партии и нивните коалициски партнери се одговорни за ситуацијата во Скопје.

Реклама

„Глувците во Скопје се слика за начинот на кој власта управува со градот. Пред четири години видовме исти сценарија, спинување и обвинувања. Денес, во 2025 година, Скопје треба да биде метропола, а не град кој се бори со елементарни услови за живот. Наместо тоа, сведоци сме на деградација и непочитување на граѓаните и нивните права,“ изјави Битиќи.

Пратеникот на СДСМ оцени дека ниската излезнозност и неважечките ливчиња се порака од граѓаните и додаде дека политичката состојба треба да се анализира од повеќе аспекти.

Битиќи потенцираше дека СДСМ останува доследен на своите вредности и нема да прифати политичари без кредибилитет да држат лекции.

„Нема да прифатам некој да дава оценки за Социјалдемократскиот сојуз, партијата која повеќепати покажала дека ѝ е потребна на оваа држава. Наместо власта да се занимава со СДСМ, нека се занимаваат со себе и со тоа како ќе се соочат со граѓаните на следните избори. Секој нека си го исчисти сопствениот двор пред да држи лекции на другите,“ нагласи Битиќи.