Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Стефковски и Алиу потпишаа договор за соработка за нова амбуланта во Автокоманда

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и министерот за здравство Азир…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и министерот за здравство Азир Алиу денеска потпишаа договор за соработка помеѓу Општината и Министерството за здравство, со кој јасно се дефинираат обврските на двете институции за изградба на нова амбуланта во Автокоманда.

– Нова амбуланта во Автокоманда станува реалност. Започнуваме постапка за реализација на едно од клучните барања на жителите од Автокоманда – нова, модерна и функционална амбуланта.  Со овој договор го трасираме патот кон нова амбуланта во Автокоманда, со што старите бараки ќе заминат во историјата, се посочува во објавата на Општина Гази Баба во Фејсбук.

 Градежните активности на терен се очекува да почнат во првата половина од следната година.

Реклама

– Со ова значително ќе се подобрат условите за здравствена заштита, граѓаните ќе добијат поквалитетни услуги, а медицинскиот персонал ќе работи во помодерна и побезбедна средина. Работиме за граѓаните – одговорно, чесно и посветено. Ветувањата се реализираат, соопштија од Општина Гази Баба.