Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Сиљановска-Давкова на свечена вечера кај Макрон: Само со заемна почит и разбирање може да има напредок и побезбедна иднина за сите

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова синоќа присуствуваше на свечената вечера приредена од францускиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова синоќа присуствуваше на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум.

– Вчеравечер присуствував на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум. Во пријатна атмосфера водевме разговори насочени кон зајакнување на глобалниот мир. Само преку заемна почит и разбирање можеме да создадеме услови за напредок и побезбедна иднина за сите, стои во објавата на фејсбук-профилот на Сиљановска – Давкова.

Претседателката Сиљановска – Давкова се согласува со претседателот на Франција Макрон кој, како што наведува, на #ParisPeaceForum2025 укажа на заканата од лажните информации коишто со креирање на радикални наративи ги нарушуваат демократските процеси.

Реклама

– Почитувањето на националниот и културниот идентитет, солидарноста, владеењето на правото и човековото достоинство, како основна цел на ЕУ, можат да бидат постигнати само со соодветни информации што нема да бидат под влијание од профитно базираните алгоритми на социјалните мрежи и лажните профили коишто ја уништуваат јавната дебата и ја загрозуваат демократијата, напиша Сиљановска – Давкова на Фејсбук.

Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.