Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Скопскиот аеродром со најголем раст на патници во регионот

Аеродоромoт во Скопје според објавениот зимски ред на летање, се очекува да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Аеродоромoт во Скопје според објавениот зимски ред на летање, се очекува да забележи најсилен раст во регионот по бројот на патници што се должи пред се на зголемениот број на авиолинии на „Виз Ер“, пишува порталот „Ex-Yu aviation“.

Скопскиот аеродром планира до 28 март да опслужи околу 548.000 патници повеќе од лани На аеродромот во Охрид, пак, се очекува зголемување од 24.000 патници.

Според порталот, речиси сите аеродроми во поранешна Југославија го зголемуваат својот расположлив капацитет во споредба со минатата година. Авиокомпанијата „Виз Ер“ ќе биде носител на растот во регионот, зголемувајќи го капацитетот за 453.636 седишта во Скопје и 315.817 во Белград.

Реклама

Севкупно, пазарите на поранешна Југославија оваа зимска сезона нудат 13.165.258 седишта на редовни летови во 84.633 авио операции.

Зад Скопскиот аеродром се аеродромите во Белград со очекуван пораст на бројот на патници од околу 518.000 патници и во Загреб кој се очекува да услужи повеќе од 176.000 патници. Главен двигател  на аеродромот во загреб е „Кроација ерлајнс“, која ja проширува својата флота и мрежа.

Четврти по раст се очекува да биде аеродромот во Сараево со 113.000 патници, по кој следуваат аеродромот во Тузла со зголемување за 96.000, Љубљанскиот аеродром гој очекува раст од  91.000 и  аеродромот во Ниш на кој се очекува војот на патници да се зголеми за 88.000 патници.

Најпрометна меѓународна дестинација кон која се насочени авио-операторите од регионот, е аеродромот во Истанбул, со 473.568 патници, по што следуваат Цирих со 414.502 и Истанбул Сабиха Гокчен со 342.704.

За оваа зима досега вкупно се закажани 26 нови линии од аеродромите во поранешна Југославија.