Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во АХВ за „проневера во службата“

СВР Скопје, информира дека до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СВР Скопје, информира дека до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“. Тие се сомничат дека го оштетиле буџетот на Агенцијата за храна и ветеринарство во вкупен износ од 62.530 денари.

Кривичната пријава, како што информира МВР, е против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 став 1 од КЗ,  Ф.М., поранешен заменик директор во агенцијата поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со член 24 од КЗ „помагање“ и против Л.У., А.Р., Е.Т., А.Б. и А.Б., вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со член 24 од КЗ „помагање“.

Првообвинетиот, З.А. во својство на директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, како што информира МВР, во периодот од 2017 до 2020 година, во повеќе наврати, со намера противправно да прибави за себе парични средства кои му биле доверени во службата, за службени патувања во странство на кои истиот присуствувал, примал дневници во висина од 50%, иако согласно Уредба за изменување на Уредбата за издатоците на службени патувања и службени патувања во странство требало да прима само 20%, бидејќи трошоците за сместување и исхрана не паѓале на товар на институцијата.

Реклама

Второобвинетиот, Ф.М. во својство на заменик директор на Агенцијата за храна и ветеринарство со потпишување на решенијата за одобрување на службени патувања во странство му помогнал на З.А. противправно да ги присвои парите, а Л.А., А.Р. и Е.Т. во повеќе наврати, спротивно на наведената Уредба, изготвиле решенија за одобрување на службено патување во странство на име на З.А., врз основа на кои решенија А.Б. и А.Б. одобриле исплаќање на паричните средства врз основа на претходно изготвените решенија, иако знаеле и биле свесни дека решенијата не се донесени согласно уредбата, постапиле по решенијата и му ги исплатиле парите, со што му помогнале на З.А. да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 62.530 денари, а на штета на буџетот на Агенцијата за храна и ветеринарство.