Реклама
Македонија

Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, посочи дека локалната самоуправа спречила изградба на 99 згради во населбата Расадник, нагласувајќи дека нема да дозволи урбанизација и бетонизација на просторот.

„ДУП-от нема да се носи на начин на којшто планираа да се носи да се изградат 99 згради. Ако е болката таму поради тоа што нема 99 згради, додека не бидам градоначалник, ќе биде и понатаму тоа болка затоа што нема да има урбанизација и бетонизација како што тие планираа да има“, истакна Ѓорѓиевски.

Говорејќи за хигиената, тој потенцираше дека без оглед на тоа што надлежните институции не ја извршувале својата работа, од 3 ноември сликата ќе биде поинаква.

Реклама

„Што се однесува на микролокациите тоа е работа и надлежност на комунална хигиена, но морам да истакнам дека тоа ќе биде решено со реорганизација на комуналната хигиена“, рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски посочи дека Левица е во коалиција со ДУИ, прикажувајќи фотографии на кои се гледаат заеднички средби и контакти на нивните претставници.

„Она што се говори во јавноста, а има потврди за тоа, од ДУИ кандидатот за градоначалник на Тетово заедно со вашиот кандидат кои што седат после изборите но и еден пратеник сликан во Собранието имаше заедно со претставник од ДУИ, тоа јасно говори во која насока се движат процесите”, изјави тој.

Ѓорѓиевски додаде дека уште од првиот изборен круг е јасна поддршката која Левица ја имала од ДУИ.

„А ако се види состојбата по избирачки места тоа е многу едноставно и гласањето од првиот круг, јасно се доаѓа до сигнал дека вие сте имале поддршка од ДУИ уште во првиот круг“, нагласи Ѓорѓиевски.

Кога станува збор за безбедноста во градот, Ѓорѓиевски најави подобар третман за кучињата скитници и проширување на капацитетите на „Лајка“.

„Ќе има соодветен третман и проширување на капацитетите на Лајка. Нема да градиме нови стационари на други позиции. Во рамки на Вардариште и мега паркот којшто ќе го градам таму, ќе биде предвидено и зголемување на капацитетите на Лајка, секако, доколку граѓаните ми ја дадат поддршката и довербата да го водам градот“, истакна тој.

Посочи и дека ќе се работи на осветлувањето и ослободувањето на сите пешачки зони, особено во централното градско подрачје.

„Предвидуваме безбедни зони пред сите објекти од јавен карактер којшто ги вклучуваат пред сè училиштата, дали се средни, дали се основни или пак градинки. Безбедна зона е ограничување на движењето пред сите тие објекти и дополнително обезбедување на слободен проток пешаците таму, што до сега го нема кај тие објекти и до сега требало да биде направено“, дополни Ѓорѓиевски.

Во делот на инфраструктурата, тој најави изградба на катни и монтажни гаражи за решавање на проблемот со паркинг просторот во Скопје.

„Поврзано со градскиот паркинг, што генерално е еден од најголемите проблеми на Скопје, предвидуваме на две позиции, изградба во центарот на градот катни гаражи, едната во Капиштец другата наспроти Кале. А на повеќе позиции, меѓу кои Карпош, Чаир, Кисела Вода и останатите општини, предвидуваме монтажни паркинзи, затоа што ние треба да имаме микролокации за истите“, посочи Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски најави и проширување на топлификационата мрежа, како и изградба на две гасни централи.

„Проширување на мрежата на топлификација, постапување, две гасни централи ќе има едната во Охис, во соработка со Владата, една на излезот на Ѓорче за онаму каде што не може градска топлификација, да можеме да го бајпасираме тој момент. И дополнително на високите зони во Скопје, како Црниче, Пржино, делови од Водно, каде што би имале сериозни загуби и не е возможно да се имплементираат првите две коишто ги споменав како мерки, тогаш ќе се оди на варијантата од страна на градот Скопје, конкретни субвенции за домаќинствата за топлотни пумпи поставување“, вели Ѓорѓиевски.

Осврнувајќи се на сообраќајниот метеж, кандидатот за градоначалник истакна дека ќе се гради со план и визија.

„Го споменав моментот затворање на мал ринг, но велам вака, прво ќе се гради Лимак, да се заврши Лимак, за на народот му дадеме алтернатива. Јас секогаш сум поборник прво да дадеме алтернатива па да донесеме решение, решенија ад хок предизвикуваат дополнителен хаос“, рече Ѓорѓиевски.

„Градот Скопје мора да даде три комбинации од транспорт за граѓаните. Едната од тие е БРТ, којшто треба да се имплементира, но треба да се доработи кракот којшто недостасува до Драчево и паралелно до Радишани. Набавка на еколошки автобуси – Владата треба до март месец да обезбеди 80 автобуси за градот Скопје. Флотата да се обновува од страна на градот Скопје. Градот има капацитет, има буџет, треба само да се направи реалоцирање на трошоците, треба домаќинско раководење“, заклучи Ѓорѓиевски.

На крајот, Ѓорѓиевски ги повика граѓаните масовно да излезат на изборите во недела и да дадат поддршка за промените во главниот град.

„Во Скопје доаѓа времето кога треба да запреме со експериментите и ова што го гледавме изминатите 4 години. На Скопје му треба работа, му треба одговорност и домаќинско функционирање на градот – нешто што недостасува цел изминат период. Јас сум спремен со цел свој кредибилитет, цело мое знаење, но и цел мој тим да дадеме сè од себе да изградиме град со којшто ќе се гордееме. Повикувам на масовна излезеност во недела, а од понеделник да ги засукаме ракавите и да ги средиме состојбите во градот”, повика Ѓорѓиевски.