Реклама

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

Економија

Николоски: По Барселона, од денеска се лета и до Мадрид, досега воведовме вкупно 21 авиолинии

Од Меѓународниот аеродром Скопје попладнево се реализираше првиот директен лет до Мадрид.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од Меѓународниот аеродром Скопје попладнево се реализираше првиот директен лет до Мадрид. Авиокомпанијата „Виз ер“ со субвенции од Владата ќе лета на оваа релација трипати неделно секој вторник, петок и сабота. 

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави дека по воспоставувањето на директниот лет од Скопје до Мадрид и претходно до Барселона, ќе има уште дестинации од Шпанија. Од изборот на новата Влада минатата година до денес, како што рече, отворени се 21 нова директна авиолинија, а како резултат на промената во политиката за субвенционирање се зголемил бројот на патници на скопскиот и охридскиот аеродром. 

– Со директниот лет помеѓу Мадрид и Скопје се поврзуваат двата главни града на Македонија и Кралството Шпанија што е многу значајно за развој на туризмот, бизнисот, размената во делот на културата, нешто што навистина значи многу. Лани заедно со ТАВ направивме нова стратегија во начинот на субвенционирање, иноватива политика во субвенционирањето, со што субвенциите ги зголемивме двојно од претходно. За Скопје субвенцијата е 9 евра, а на Охрдскиот 12 за патници во доаѓање, што значи дека стимулираме што повеќе патници да доаѓаат во Македонија. Како резултат на тоа денес гордо можам да споделам  дека во периодот јануари – октомври годинава има раст од седум проценти на бројот на патници, на Скопскиот  шест, а на Охридскиот за 17 проценти на бројот на патници, односно вкупно 2.862.677, што го надминува далеку бројот на жители во Македонија, рече Николоски. 

Реклама

Тој ги наброја воведените нови авиолинии, потенцирајќи дека ќе има уште дестинаци до Шпанија и оти Барселона и Мадрид нема да се последни. 

– Од Париз, Орли, се лета за Скопје, од Истанбул се лета за Охрид, од Дубаи ќе почне да се лета за Скопје оваа зима. Од Барселона од Лион, од Амстердам и од Љубљана исто така се лета за Скопје, тука се чартерите на Фрибрд ерлајнс коишто секој ден слетуваат на скопскиот аеродром, наскоро ќе бидат и по два дневно. До Охрид почна да се лета од Базел, Ларнака. Мадрид, Штутгарт, Париз, Стокхолм на главниот аеродром почнуваат овие денови. Ја отвораме Женева, како и Келн, Прага, а веќе од пролет Неапол, Будимпешта, Катовице и Вроцлав до Охрид и Милано исто така до Охрид. Вкупно 21 нова дестинација, 21 нова линија за зголемување на бројот на туристи и повеќе бизнис во Македонија, рече Николоски.

За амбасадорот на Шпанија  Рафаел Сориано Ортиз ова е историски ден бидејќи, потенцираше, првпат двата главни градови се поврзуваат со директен лет. 

Ја истакна важноста и на неодамна воспоставнета авилинија со Барселона и порача дека поврзувањето е предуслов за подобрување на билатералните односи помеѓу двете земји. 

– Убеден сум дека овој нов лет ќе биде многу успешен и ќе биде пресвртница во размената во туризмот, економијата, културата и ќе биде предуслов за поврзување на нашите две земји, рече амабасадорот Ортиз.

Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија, нагласи дека со оваа авиолинија, Скопјe и Мадрид стануваат поблиски од кога било, а Македонија и Шпанија ги зајакнуваат дипломатските и економските врски, што претставува огромна можност за сите.

-Од денес Мадрид, една од најпосакуваните дестинации на нашите патници, е реалност, и тие ќе можат да уживаат во градот на уметноста, музиката, животот, плоштадите и терасите. Дом на познатиот музеј Прадо, Кралската палата, стадионот Сантијаго Бернабеу, но и на луѓето познати по својата топлина и гостопримство, рече Курт.

Тој посочи дека оваа авиолинија, како и четирите нови што почнаа да сообраќаат овие денови, се доказ дека поврзаноста на Македонија со Европа се зголемува. –  Со зимскиот ред на летови, применлив од изминатиот викенд, Меѓународниот Аеродром Скопјe е поврзан со вкупно 49 редовни дестинации во текот на целата година и 13 чартер летови. За нас во ТАВ Македонија, секоја нова дестинација значи повеќе можности за нашите патници, за туризмот и економијата, но и за нови пријателства меѓу луѓето, истакна Курт.